Skip to main content

УЧЕНИЦИ ОД ОУТУ „ВАНЧО ПИТОШЕСКИ“ ВО БРОЛО – ИТАЛИЈА

Деветнаесет ученици и тројца професори од ОУТУ „ Ванчо Питошески“ од 30 март до 20 април престојуваат во познатата туристичка дестинација Броло – Сицилија каде го реализираат проектот „ Learning from the best – Учиме од најдобрите “.

 |   | 

Тоа е трет проект во кој учествуваат охридските ученици во рамките на програмата на Еразмус плус, поддржана од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.Во реномираниот хотел „ Гатопардо“ учениците од угостителско – туристичката струка изведуваат практична работа.

Практичната работа во овој хотел со 4 ѕвезди им овозможува да ги покажат стекнатите знаења и истите да ги надополнат и развијат, да ги запознаат и почитуваат современите принципи на работа и високите европски стандарди во угостителството и туризмот, а со тоа да придонесат за својот личен и професионален развој.

Преку практичната работа, учениците освен што се претставуваат себеси, ја претставуваат државата, општината и институцијата која ги испраќа и прифаќа. Затоа, голем предизвик и мотив кај учениците е да се учествува во проектите на Еразмус плус.