Регионалната комора ги тужи занаетчиите кои подолго време не плаќаат чланарина
Минатата година биле тужени 60- тина занаетчии. Многу мал е бројот на занаетчии кои извадиле занаетчиски дозволи кои мора да ги обезбедат со најновите законски измени, а треба да ги имаат и трговците поединци и Доелите.
Регионалната занаетчиска комора има проблем со наплата на чланарината од занаетчиите. За нормално функционирање на комората 90 проценти од уплатената чланарина се наменти за регионалната , а 10 посто за Републичката комора. Во Регионалната комора со решение за вршење дејност се регистрирани 250 занаетчии, а многу од нив не платиле чланарина ,“ вели претседателот Сашо Богоески.
„ Не се собрани од сите занаетчии. Минатата година со одлука на УО на комората се донесе одлука сите занаетчии кои имаат поголем долг од 3600 денари д а бидат тужени. Тужени се 60 занаетчите и сите одлуки завршиле во корист на комората“, вели Богоески.
Со новиот закон за занаетчиство регулирањето на финансирањето на Комората е од задолжителната чланарина и од издавањето на решенијата по основ на јавни овластувања. Досега во комората се пријавиле двајца нови занаетчии , а еден се одјавил од регистерот, вели. Богоески
„ Интерес има за рачни ракотоврби и изработк ана домашни сувенири имаме регистриран занаетчија за изработка на глинени сувенири. Тука е најголем интересот“, нагласува Богоески.
Покрај решението за дејност занаетчиите со новите измени на законот треба да имаат и занаетчиска дозвола. Досега ваква дозвола имаат извадено само 10 охридски занаечии. Дозволата треба да ја обезбедат и околу 500 трговците поединци и Доели кои се евидетирани од страна на Министерството з а економија. Занаетчиската дозвола треба да ја обезбедат до 1 ноември 2019 година, во спротивно казните се во висина од 2500 евра. Контролите за спроведување на законските регулативи се во надлежност на Државниот пазарен инспекторат.