Skip to main content

Милошевски: Велосипедски и пешачки патеки, адреналински паркови и Музеј на Охридско Езеро

Нови велосипедски и пешачки патеки, нови пешачки зони субвенционирање за купување велосипед Музеј на флората и фауната на Охридското Езеро, адреналински паркови, се само дел од проектите кои ги најави Митре Милошевски , кандидат за градоначалник на охрид од ВМРО ДПМНЕ.

 |   | 

Охрид и охриѓани мора да имаат пријатни катчиња за одмор и релаксација. Охриѓани и туристите ќе добијат нови велосипедски и пешачки патеки, нови пешачки зони, вети кандидатот  за Градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошески.  Граѓаните имаат право на тоа, а обврска на новата Локалната самоуправа ќе биде да им обезбеди слободно и безбедно движење, кажа Милошевски.

„За убав град: Изградба на велосипедска патека Охрид – Свети Стефан. Охриѓани и гостите мора да се движат безбедно на потегот од излезот од градот до Свети Стефан. Велосипедистите преку здрави навики за возење велосипед активно ќе го користат своето слободно време. Во непосредна врска е мерката за субвенционирање за купување велосипед. “- најави Митре Милошевски – Кандидат за Градоначалник на Охрид ВМРО ДПМНЕ.

Во програмата на Милошевски предвидено е да граѓаните да се субвенционираат во износ од  половина од вредноста на чинење на велосипедот, но не повеќе од 4000 денари.  Целта ни е да ги мотивираме граѓаните  почесто да го користат велосипедот како и превозно средство и за рекреација со цел поздрава околина и почист воздух, кажа Милошевски.  

“За убав град: Партерно уредување, изградба на пешачки и велосипедски патеки кои ќе бидат нови препознатливи места за рекреација. Стар град – Реконструкција и изградба на потпорни ѕидови и улици. Изградба на потпорен ѕид во Коњско. За убав град: Изградба на музеј на Охридско Езеро. Нова атракција за убав Охрид во близина на каналот Студенчишта каде што охриѓани и посетителите ќе се запознаат со богатата флора и фауна.“

Како дел од програмата „За убав град“  Милошевски најави и изградба на авантуристички, адреналински паркови, опрема и реквизити за забава како висечки скали и патеки, качувачки карпи, обележување на улиците со современи пластифицирани материјалии слично.