Skip to main content

Ставрески: Модернизација на спортските објекти и поддршка на спортски клубови и манифестации

Постојано вложување во модернизација на спортските објекти неопходни за функционирање на спортските клубови, физичкото воспитување и рекреацијата и развој на спортскиот туризам е нашата цел, кажа денеска на прес конференција Сашо Ставрески, кој што презентираше дел од предизборната програма на кандидатот за градоначалник Константин Георгиески.

 |   | 

Иницијатива Охрид конечно да добие соодветен Центар за развој на водените спортови, а за да се поттикнат младите да спортуваат,  обновување на веќе постоечките спортски терени во населбите и изградба на нови спортски игралишта на неколку локации, најави на прес конференција Сашо Ставрески, кој што презентираше дел од програмата на кандидатот за градоначалник Константин Георгиески. Тој ги спомна веќе започнатите проекти од областа на спортот како реконструкција на постојните и изградба нова трибина на фудбалскиот стадион во СРЦ „Билјанини Извори“ вреден 800.000 евра во соработка со ФФМ и УЕФА и изградбата на спортска сала во ЕМУЦ „Свети Наум Охридски”.  Предвидена е изградба и на спортски сали во основните  училишта „Кочо Рацин”,  „Ванчо Николески” во село Лескоец и во Угостителското училиште „Ванчо Питошески”, кажа Ставрески.

„Во насока на подобрување на условите за спорт, даваме континуирана поддршка на Ракометниот клуб „Охрид” и Општинскиот фудбалски клуб „Охрид Лихнидос” како и на многу други спортски клубови во градот. Исто така во рамки на активностите посветени за развој на спорот, извршена е санација на просториите на ФК„Лакочереј“ и ФК„Воска“ како и реконструкција на трибините и теренот со вештачка трева.“-Сашо Ставрески – Советник од СДСМ

Ставрески ја потенцира и поддршката која се дава на спортските настани како Охрид Трчат, Охридскиот пливачки маратони, Балканското првенство-Триатлон, Охрид Траил, Баскет Турнирот 3 X 3, Веслачката и Едриличарската регата кои се од големо значење за Охрид.
„Во насока на подобрување на условите за спорот, планираме да изнајдеме начини за изградба на нов спортски комплес кој ќе биде во форма на придружен објект на постоечкиот спортски центар „Билјанини Извори“. Комплексот ќе има затворени и отворени спортски објекти, кои ќе располагаат со сите потребни инсталации, реквизити и опрема наменети за изведување на различни спортско-рекреативни активности.“

Подеднакво сме посветени на развој на сите сфери од секојдневното живеење, имаме реални планови и остварливи проекти, кои ќе донесат посигурна иднина за сегашните и идни генерации во нашиот град затоа што Охрид заслужува да оди напред, порача Ставрески.