Skip to main content

Охрабрувачки пораки до пациентите на дијализа

Бројката на пациенти на дијализа се движи од 1500 до 1700 лица и  бележи тренд на постојано зголемување а на листата на чекање за трансплантација има само 70 пациенти. Успешните трансплантации на бубрег од починат донор изминатиов период ќе ги охрабарат пациентие на дијализа да започнат постапка за трансплантација сметаат од здружението НЕФРОН.

 |   | 

Моментално 70 пациенти чекаат на трансплантација на бубрегво државава. Од Здружението на бубрежно болни НЕФРОН велат дека списокот реално е многу подолг. После период од 3 години без извршена трансплантација на бубрег, во неколку месеци беа извршени 6 трансплантации од мртов донор.

“Сега кога се направија овие 6 транспантации желбата кај пациентите се разбуди и ние секојдневно имаме зголемување на бројот на пациенти кои чекаат на трансплантација. Очекуваме тој број да достигне неколку стотини. “ – Душко Ѓоргиев претседател на Здружение на бубрежно болни НЕФРОН

Предизвик на Владата е насочување кон сите неопходни логистички , правни и други предуслови за драстично да се зголеми бројот на трансплантации на бубрези бидејќи тоа пред се ќе значи подобрување на квалитетот на живот на лицата кои се на дијализа но и намалување на трошоците бидејќи една успешна трнсплантација е еднаква на две и пол години трошоци за дијализа, вели директорот на ФЗОМ.

„Веќе 6 месеци интензивно се работи на обезбедување на правна рамка и регулатива, со која што, не само за бубрези , туку ќе можеме да ја поттикнеме свеста за доблеста во органодарителството бидејќи тоа е еден многу хуман гест пред се. И не само на бубрези туку на сите други органи неопходни за спас на еден човечки живот. “ – Данаил Дончев – Директор на ФЗОМ

Бројката на пациенти на дијализа се движи од 1500 до 1700 лица и  бележи тренд на постојано зголемување. Гоце Арсов од Кочани после 14 години на дијализа му била извршена трансплантација на бубрег. Овој поранешен кошаркар вели дека дијализата е макотрпна а условите во центрите пред да бидат преземени од концесионерите миле мизерни.

„Сега се чувствувам многу добро. Примам редовно терапија. Немам сега никакви проблеми. Се чувствувам здрав и способен за работа но да не е тешка физичка работа “ – Гоце Арсов.

Земон Дражен од Хрватска после трансплнатациајта на срце вели дека му се вратил на планинарењето неговата страст упте од детството. После трансплантацијата сум нов чоеек неодамана се искачив на Олимп. Во Хрватска на трансплантација се чека најмногу до една година. Заедно со Шпанија е водечка земја по бројот на донатори на органи и извршени трансплантации.

„ Една трансплантација на бубрег чини колку годишна дијализа. Познавам луѓе во македонија кои и по 30 години се на дијализа. Јас сум шокиран. Јас не можев да верувам дека некој може да преживее толкав период на дијализа. Познавам луѓе и по 35 год кои се на дијализа, можеле 35 пати да им се направи трансплантација со потрошените пари за дијализа. Можело да се вратат тие луѓе во нормален живот.  Да бидат корисни за заедницата а не товар. “ – вели Дражен.

Во организација на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“, денеска  во Струга  беа отворени првите мeѓународни средби на дијализирани и трансплантирани пациенти во нашата држава со едукативен и спортски карактер.Тие испратија охрабрувачака порака до заболените лица да започнат постапка за трансплантација.