Skip to main content

ОХРИЃАНЕЦОТ ДАВИД КРСТЕСКИ СЕ ВРАТИ СО БРОНЗА ОД ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ИТАЛИЈА

Македонската ИТФ теквондо екипа,учествуваше на Европско Такевон-до ИТФ првенство во Римини-Италија, каде во конкуренција од 1200 учесници од 30 земји во Европа, се вратија со медал.

 |   | 

Македонската ИТФ теквондо екипа,учествуваше на Европско Такевон-до ИТФ првенство во Римини-Италија, каде во конкуренција од 1200 учесници од 30 земји во Европа, се вратија со медал.

Нашата екипа беше составена од двајца натпреварувачи Давид Крстески , кој настапи во две дисциплини
-форми за црвен појас,кадети (11-13 год.) и
-спаринг-борби -40 кг, кадети (11-13 год.)

Филип Јосифоски, кој настапи во три дисциплини
-форми за црн појас II дан, сениори
-специјални техники, сениори
-спаринг-борби -64 кг, сениори

Давид Крстески со само 11 години веќе ги исполни сите критериуми за учество на Европско првенство. Во стилот на најголемите мајстори Давид ги оправда сите очекувања, сите семинари, сите вложувања во него и докажа дека има светла иднина за него во теквондото освојувајќи го бронзениот медал во форми за црвен поајс – кадети.

Филип Јосифоски, во форми и специјални техники беше елиминиран уште во првиот круг, додека во борби беше прв во својата група, совладувајќи ги противниците на Италија и Велс, при што во двете борби направи еден од најатрактивните вртени удари во скок за 540 степени, воедно бешеи единствен. После групата,се пласира во четвртфинале при што загуби во борбата за медал од претставникот на Грција, а со тоа и можноста да бидеме земја која со два натпреварувачи освоила два медали.