Skip to main content

Техничко осовремување и поддршка на техничкиот персонал на ЈП „Билјанини Извори“

ЈП Билјанини Извори продолжува со планот за техничко осовремување и поддршка на техничкиот персонал при претпријатието кој е задолжен за одржување на постоечката спортска инфраструктура во Спортскиот центар „Билјанини Извори” а се со цел подобрување на условите за нашите спортски корисници, спортските клубови и рекреативците.

 |   | 

Деновиве ЈП Билјанини Извори се поднови со современа машина за чистење и одржување на паркет од фирмата Клинфикс со одлични перфоманси за чистење, полирање и одржување на паркети и ламинатни подлоги. Ова е уште една скромна но многу значајна, од отварањето на салата прва од ваков тип, техничка инвестиција која во многу ќе го подобри и олесни досегашното одржување и чистење на паркетот при
спортската сала.

ЈП Билјанини Извори и во иднина планира да инвестира во подобрувањето и осовременувањето на техничката опрема при С.Р.Ц. „Билјанини Извори” веруваме на задоволство пред се на сите наши корисници но секако и на нашите вработени задолжени за одржување на спортската инфраструктура при центарот.