Skip to main content

Донев: СДСМ под превезот на малите инфраструктурни зафати сакаат да ги затскријат нереализираните ветени проекти

СДСМ се свесни за својот слаб рејтинг и убедливиот пораз на локалните избори па под превезот на малите инфраструктурни зафати сакаат да ги затскријат нереализираните ветени проекти. Во 21 век асфалтирањето улици или поставувањето водовод и канализација мислат дека е големо достигнување и причина граѓаните да гласаат, кажа денеска на прес конференција, претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Сашо Донев.  Нема суштински проекти што ќе значат нови вработувања, подобар животен стандард, поубав Охрид, рече Донев.

 |   | 

СДСМ и Константин Георгиески сакаат да ја затскријат својата неспособност за реализирање поголеми проекти. Реализираат мали градежни зафати мислејќи дека во 21 век асфалтирањето улици или поставувањето водовод и канализација е големо достигнување и причина граѓаните да гласаат. СДСМ се свесни за својот слаб рејтинг и убедливиот пораз на локалните избори па под превезот на малите инфраструктурни зафати сакаат да ги затскријат нереализираните ветени проекти. Охриѓани очекуваа многу. СДСМ и Георгиески ветија, СДСМ и Георгиески излажаа. Нема суштински проекти што ќе значат нови вработувања, подобар животен стандард, поубав Охрид, рече на денешната прес конференција претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Сашо Донев.
Нема изградба на катни гаражи, изградба на експресен пат Охрид-Свети Наум и обиколница Мауцкер- Косел. Ништо од агро центарот и фабриката за отпад, нема нови училишта, болници, театар, останаа само празни ветувања за младите, пензионерите и сите охриѓани. Дали Локалната самоуправа има издадено одобрение за моменталното градење на сообраќајницата кај касарната? Како Георгиески дозволува големата сала во општина Охрид да се употребува за политички цели?, праша Донев.

ВМРО-ДПМНЕ ја повикува Антикорупциската комисија да ги истражи сите овие наводи и да утврди дали има прекршување на законите

Уште колку владини функционери ќе дојдат во изборната кампања за да му помогнат на Георгиески? Математиките на СДСМ не им одат во прилог, па се служат со злоупотреби од позиција на власт да извршат притисок врз гласачите притоа користејќи службени автомобили и обезбедување платени со парите од народот. После две години централна власт и една и пол година локална власт никој не најде време на охриѓани да им објасни зошто ништо од тоа што ветија не остварија. Замислете, за сега во изборна кампања одеднаш сите се во Охрид, рече Донев.