Skip to main content

Милошевски најави подобрување на патната инфраструктура

Како дeл од изборната програма најави проекти за подобрување на патната инфраструктура во урбаните делови од градот, но и во  руралните населени места. Како и проекти за  опремување на  противпожарната станица. 

 |  Валентина Неловска  | 

Патната инфраструктура и транспортот се лицето на градот, истакна Митре Милошевски,кандидатот за градоначалник од Вмро Дпмне на денешната прес конференција. Изградбата и одржувањето на локални патишта овозможува одржлив развој на градот како туристички центар и услови за безбеден и динамичен сообраќај и најави реконструкција и изградба на улици.

„ Абас Емин, АСНОМ, Егејска и Македонски просветители, изградба на улиците:  Јордан Мијалков, 7 Ноември, Јане Сандански, 1 Македонска ударна бригада. Поплочување и одржување на тротоари и улици:  асфалтирање на улиците Александар Турунџе, Партизанска, Прилепска, Будва, Анастасија Узунова, Дејан Војвода, Стив Наумов, Дебарца, населба Бејбунар, Даме Груев, Ванчо Питошески, Охридска Бригада, Кирил и Методиј од Горна порта до Дрвара “, изјави Милошевски.

Милошевски најави и набавка на инсталација на асфалтна база во едно Јавно претпријатие. Исто така , дел од изборната програма на Милошевски е подобрување на патната инфраструктура во туристичките населби и руралните населени места.

„ Во Љубаништа уредување на пешачка патека од селото до автокампот, уредување на улици во село Љубаништа и Трпејца, во Пештани улица Климент Охридски, асфалтирање и уредување на улици во Долно Коњско, Рача, Велестово, Рамне, Подмоље, Орман, Горно Лакочереј и Долно Лакочереј, Велгошти, Лескоец, Косел и Вапила“, најави Милошевски.

За безбедност на градот, Милошевски најави и изградба на ефикасен систем за превенција и заштита од пожари и изградба на хидрантска мрежа. Набавка на нова опрема за противпожарната станица, курсеви за пожарникари на меѓународни семинари, набавка на нови возила меѓу кои и специјален пловен објект за превенција и интервенирање при итни ситуации во медицинска и противпожарна цел на охридското крајбрежје.