Skip to main content

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ изложба на дела од роднокрајни автори родени во април

Во пресрет на 23 Април – Светскиот ден на книгата и во рамките на редовните месечни активности од денеска  до среда 24 април во Прличевата одаја на библиотеката ќе биде отворена изложбата на книги РОДНОКРАЈНИ АВТОРИ – РОДЕНИ ВО АПРИЛ.

 |   | 

На овој пригоден начин охридската библиотека ги одбележува родендените на следните автори: Миле Волканоски , Боро Ситникоски, Куртиш Демироски, Дамјана Видическа и Мишел Јузмески. Изложбата заинтересираните можат да ја видат секој работен ден од 9 до 18 часот.