Skip to main content

Милошевски: Поддршка и промоција на културни и верски манифестации

Културата е најсилна промоција на туризмот.Градот Охрид е мозаик од културни вредности, а нашата грижа мора да биде насочена токму кон нив, кажа денеска на прес конференција, кандидатот за Градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски.  Тој најави поддршка на низа културни и верски манифестации како дел од неговата изборна програма.

 |   | 

Културата тема на денешната прес конференција ан кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски. Изразувајќи жалење за уништувањето на дел од светското културно наследство, катедралата Нотр Дам во Париз, Милошевски кажа дека културата, традицијата, историјата и религијата се вредности коишто се наша гордост и треба да се негуваат. Градот Охрид е мозаик од културни вредности, а нашата грижа мора да биде насочена токму кон нив, потенцира Милошевски.  
„За убав град заложбата за наследните вредности е: организација и поддршка на Охридската академија на хуманизмот, организација на христијанските празници Богојавление – Водици, помагање на традиционалното прославување на верскиот празник Св. Василиј -Василица, низ сите Урбани заедници низ Општината; Организација на Божиќна литија;  Организација на настан „Сите кон Св. Климент“ и Свечена градска академија, Организација на Ифтарска вечера за припадниците од муслиманската вероисповед;Поддршка на фестивалот на Египќани.“– наброја од својата програма Милошевски.
Охрид како развиена културна средина ќе биде театарска и филмска ризница од културни вредности, порача Милошевски.
„ Нашата култура како дел од македонскиот идентитет н`е издвојува, но и н`е соединува. Таа е најсилна промоција на туризмот, а Охрид и охриѓани, како и сите граѓани на Република Македонија и бројните странски посетители да го спознаат бисерот на културата.“ – кажа Милошевски.
Милошевски наброја проекти како поставување рекламни билборди со фотографии од стар Охрид, типизирани тезги, обележувањето на културни историски и археолошки локалитети со легенда, означување на локациите во стар град каде се напишани староградски песни со кратка легенда и текст.