Skip to main content

Божиновски: СДСМ и Константин Георгиески ја потценуваат интелигенцијата на охриѓани

СДСМ и Константин Георгиески ја потценуваат интелигенцијата на охриѓани, кажа на прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.

 |   | 

Дали Георгиески мисли дека со лажните градежни зафати ќе го нашминка градот и ќе ги купи гласовите на охриѓани?- праша на прес конференција портпаролот на Ок на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.

„Со камиони сега ќе ги натерате да заборават на црнилата, маките и тешкиот живот? Охриѓани имаат добра меморија и добро се сеќаваат што вети СДСМ и знаат дека речиси ништо од тоа не е реализирано. После повеќе од година и половина се чекаше сега пред избори машините да работат.
Георгиески да одговори дали ова се ветените проекти или само ситни зафати што е обврска на Локалната самоуправа кон граѓаните?
Врз основа на кои проекти и одобреенија работи сега? Немате ниедно одобрение и затоа работите ноќе и во темница. Господа од СДСМ,Никој повеќе не паѓа на ефтини финти.“ – кажа Божиновски.

Божиновски обвини и за злоупотребата на државни ресурси во изборната кампања.
„ Дрско и лицемерно е на партиски прерс денеска Георгиески да се појави со службеното возило. Замислете и тоа прес за Кејот. Георгиески да признае дека средствата за Кејот се пропаднати, а не да ги лаже охриѓани. Вината за очајна состојба треба да ја признае.“ – кажа Божиновски.