Skip to main content

Милошевски најави низа проекти за поддршка на младите

Mладитe се нашата најголема вредност, нашата иднина.  Во мене младите ќе имаат искрен пријател и поддржувач,  порача Милошевски. Најави изградба на станови за млади брачни парови, стипендии за талентираните студенти и ученици, бесплатен превоз, отпочнување на сопствен бизнис.  

 |  Валентина Неловска  | 

Грижата за младите луѓе претставува грижа за иднината и затоа со програмата „За убав град“ за младите има повеќе проекти, рече Митре Милошевски на денешната прес конфернција. Најави изградба на 40 станови за млади брачни парови, стипендии за талентирани студенти, средношколци и основци, стипендирање на социјални категории на студенти, средношколци.

„ Целта на проектот е мотивација на најдобрите учиници, основци, средношколци и студенти да продложат во научното инвестирање. Со ваквиот тип на субвенционирање се вложува во домашниот буџет и се поттикнуваат децата на научен натпревар помеѓу себе“, истакна Милошевски.

Меѓу другите проекти, Милошевски ги најави и ангажирање на најдобрите студенти од најдефицитарните занимања, бесплатни карти за превоз на учениците од основно и средно образование, но и формирање на претприемачки инкубатор за нови бизниси наменети за младите.

„ Со овој проект се предвидува формирање на претприемачки инкубатор за почетници, со што би се овозможило изнајмување на простории со повластени цени, располагање со деловна инфраструктура, интелектуални и деловни услуги, како и советодавна поддршка за успешен развој на своите идеи и бизнис“, напомена Милошевски.

Милошевски најави и поддршка за отварање на бизниси за млади со договор помеѓу општината, бизнис заедницата и средните стручни училишта, но и субвенции за вработените во туризмот.