Skip to main content

Пчеларите апелираат внимателно со употреба на инсектициди

Повикуваат не само овоштарите  да внимваата што употребуваат туку  и земјоделските аптеки да внимаваат какви препарати им продаваат на овоштарите. Најчесто овоштарите не се едуцирани за употребата на хемиски препрати кои се штетни за  пчелите.  

 |  Валентина Неловска  | 

Пчелите се помалку ги има во овоштарниците во фаза на цветање и опрашување на дрвата. Одгледувачите на пчели постојано се соочуваат со грижи за опстанокот на пчелите. Сега стравуваат за безбедноста на пчелните семејства по сознанието дека на македонскиот пазар годинава го нема инсектицидот Маврик. Овој хемиски препарат не е штетен за пчелите за разлика од други видови на инсектициди кои ги користат овоштарите во фаза на цутење на овошките. Пчеларите, стравуваат доколку овоштарите применат други препарати може да доведат до помасовно угинување и ќе го загрозат опстанокот на пчелните семејства. Претседателот на здружението на охридските пчелари ,Тони Јосифоски апелира да се почитуваат пчелите и да се внимава при купувањето и продавањето на инсектицидите.

„ Во соседна Србија се случува масовно труење на пчелните семејства.Има илјадници уништени пчелни семејства и да не дозволиме да ни се случи тоа и нас. Сакаме соработка со овоштарите, но и со сопствениците на земјоделските аптеки какви препарати продаваат“, вели Јосифоски.

Во апелот на пчеларите се вклучува и охридскиот овоштар Ванчо Стојаноски. Тој ги повикува овоштарите да се воздржат од примена на хемикалии во фаза на цутење на оовшките затоа што во моментот нема потреба од третмани на насадите.

„ Во овој период да не се применуваат инсектициди кои се штетни за пчелите. Посебно без консултација со стручни лица.Ова година имаме проблем со набавката Маврикот кој секористи против штеникот цутојад, но нема напади и да не се грижиме. Дa нe се користат пестициди додека не прецутат овошките. Апелирам и до сопствениците на земјоделските аптеки да ги предупредуваат овоштарите. Најчесто ги користат инсектицидите од незнаење кој и како да се употреби, а се штетни за пчелите“, напоменува Стојаноски.

Одгледувачите на пчели од охридско и Дебрца трпат големи загуби со пчелните семејства во последните три години. За да ги заштитат и пчелите и родот кај овошките повикуваат на меѓусебна соработка ,а сега повикуваат да им приклучат и земјоделските аптеки.