Skip to main content

Милошевски: Тргнуваме од 0:0, подготвен сум за жестока кампања

Кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ,Митре Милошевски убеден е дека  во вториот круг од вонредните локални избори за градоначалник во Охрид  ќе ја надомести разликата во гласови од првиот круг може со поголема работа на терен. Тргнуваме од нула, подготвен сум за жестока кампања и работа на терен со цел да ги убедам охриѓани дека програмата ЗА Убав град е она што му е потребно на Охрид.

 |   | 

Кандидатот за Градоначалник на Охрид од  ВМРО ДПМНЕ Митре Милошевски е подготвен за вториот круг. Самокритички ги согледал пропустите во досегашната кампања и пожестоко ќе вложи напори со засилување на работата на терен да ги убеди охриѓани дека програмата ЗА Убав град е она што му е потребно на Охрид.

“Разликата во освоените гласови помеѓу кандидатите за претседател Силјановска Давкова и Стево Пендаровски покажува дека уште посилно треба да работиме на терен заедно со ВМРО ДПМНЕ. Тоа ќе го направиме и ќе докажеме дека нашиот концепт за „Убав град“ е единствениот кој може Охрид да го извади од оваа состојба. Ние мора силно ги мотивираме  членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ во што поголем број да излезат и да го поддржат концептот и програмата  „За убав град“. – рече Милошевски.

Милошевски се осврна на големиот број неважечки ливчина на вчерашните избори и смета дека  ОИК и ДИК треба значајно да поработат на едукација и медиумско актуелизирање на овој проблем. На прашање пак за малата излезност во првиот круг од локалните избори во Охрид, Милошевски кажа дека тоа е поради изгубената доверба од народот во политичарите

„ Народот е презаситен од вакви политики, многу очекувања во минатото беа изневерени, се помала е вербата во политичарите. Едно од најчестите прашања кои ги слушав кога одевме по домовите на охриѓани беше „Со што ти ќе ме убедиш дека нема и ти да ме излажеш како и претходниците што ме излажаа?“  Тоа е една од причините што народот во мал број излезе на овие избори, но сепак јас ги повикувам да имаат верба, да бидат поодлучни и да излезат во вториот круг во што поголем број, со цел идниот градоначалник, а тоа се надевам дека ќе бидам јас, да има полн легитимитет кога ќе влезе во општината. – истакна Милошевски.

Милошевски се пожали на неправилности во првиот изборен круг како асфалтирање во предизборен молк, задржување на функционери на денот на изборите на растојание поблиску од 100 метри од изборачко место и кажа дека за истите очекува објаснување. Тој на денешната прес конференција им честита на  противкандидатите во првио круг Михаил Трендафилов Нанче, Стевче Стевоски и Џемал Мена, за освоените над 3000 гласови, нарекувајќи ги  морални победници. Додаде дека тој какко кандидат и партијата ВМРО ДПМНЕ се отворени за соработка со кандидатите кои испаднаа.