Skip to main content

Георгиески: Нова патна мрежа во селските средини

Постојано работиме на проекти за намалување на разликите помеѓу градските и селските средини и нашата цел е да обезбедиме инфраструктура за сите, вели кандидатот за Градоначалник од СДСМ , Константин Георгиески.

 |   | 

Постојано работиме на проекти за намалување на разликите помеѓу градските и селските средини и нашата цел е да обезбедиме инфраструктура за сите, вели кандидатот за Градоначалник од СДСМ , Константин Георгиески.  

Георгиески потсетува на проекти во руралните подрачја на општината реализирани во изминатиот период.  Асфалтирани се неколку улични краци во селата Лескоец,  Велгошти, Љубаништа и Коњско. Извршена е реконструкција на пристапни патеки и тротоари во селата Косел, Пештани и Горно Лакочереј, а беше извршена и реконструкција на патниот правец Косел-Вапила, напоменува Георгиески.
Кандидатот за Градоначалник од својата изборна програма посочува активности за уредување и реконструкција на неколку локални патишта во селските средини на општина Охрид.

Планирана е изградба на патен правец во село Велгошти до црквата Св.Никола и Реконструкција на локалниот пат од село Вапила до село Расино во должина од 3300 метри. За овие два патни правци веќе се изработуваат основни проекти. Исто така во тек е изработка и на основен проект за Изградба на патен правец од село Лакочереј до село Лескоец. – вели Георгиески.

Во рамки на Годишната програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици планирана е Изградба на локален пат од село Свиништа до црквата Св.Богородица во должина од 1050 метри; Реконструкција на локалниот пат за село Куратица во должина од 5.500 метри; Изградба на дел од локален пат за село Плаќе; Реконструкција на патните правци за селата Завој и Свиништа и Реконструкција на локален пат од Регоналниот патен правец Охрид-Св Наум до автокампот Љубаништа во должина од 990 метри, информира Георгиески.


Им порачува на граѓаните дека проектите кои ги ветува се реални и остварливи и дека за нивна реализација и подобар Охрид ја очекува нивната поддршка и во вториот Изборен круг на 5-ти мај.