Skip to main content

Веб апликации за лов, риболов, туризам и животна средина во прекуграничниот бисоферен резерват Охрид – Преспа

Овој  таканаречен „Систем за просторни информации и планирање“ ќе им овозможи на локалните самоуправи, еколошките друштва, ловните федерации и туристичките чинители од регионов, да го подобрат квалитетот на услугите, а со тоа да овозможат подобар економски и социјален развој на овој регион.

 |   | 

Со помош на мобилни апликации ќе се мапираат најважните екосистемски услуги за нивна употреба во шумарството, туризмот, ловот и риболовот во прекуграничниот бисоферен резерват Охрид – Преспа. Станува збор за еден од најважните делови на проектот „Заштита на екосистемот во прекуграничниот регион Охрид-Преспа“, преку кој ќе се овозможи зачувување, развој и обновување на флората и фауната во ова подрачје. Проектот е финансиран од ИПА 2 програмата за проекугранична соработка на Европската Унија.

„Во рамките на проектот изработена е дигитална платформа, информациски систем за просторно планирање кој овозможува корисење на систем за моќни алатки и мапи за следење на економските и турситичките активности во пограничниот регион со потенцијал да биде проширена на територијата на земјата. Оваа средба денес е за да се запознаат целната група како ќе се пристапи оваа алатка за и понатаму да може да ја користат“ кажа Лидија Фајдига – координатор на проектот.

Овие прилагодени и модуларни сетови на апликации обезбедуваат контролиран пристап на повеќе нивоа до податоците зачувани во Системот за просторни информации и планирање. Почнувајќи од мапирање на објекти и заштитени зони, за заштита на животната средина, промоција на областите и точки од интерес во туризмот, па се до апликации фокусирани на ловечки и роболовни активности и објекти во одредена област, апликациите во голема мерка ќе им помогнат на сите оние кои се засеганти страни. Апликациите се локализирани на Македонски, Албански и Англиски јазик. Инаку во овој проект е вклучена и Ловечката Федерација на Македонија.

„Продибивката за ловечките здруженија кои се концесионери на дивечот од овој регион ќе биде тоа што може да се плански да се стопанисува со дивечот во ловиштата, а во апликацијата има и делови кои значат понуда за ловниот туризам по однос на бројната состојба односно број на дивеч кој може да се даде како ловна туристичка понуда како и сместувачките капацитети“, објасни Сашо Јовановиќ – член на УО на Ловечката Федерација на Македонија.

Развиените апликации се достапни и на мобилните уреди. Развиени користејќи го “responsive design”, така да прегледот и користењето на апликацијата е секогаш оптимизирано во согласност со големината и ориентацијата на корисничкиот уред. Мобилните апликации се достапни за инсталирање на Андроид уреди во верзија.