Skip to main content

Љупчо Нечкоски се надева на уште еден советнички мандат

Носител е на вчера доставената независна советничка листа до ПЕ на Министерството за правда.

 |  Тања Кувенџиска  | 
Ljupco Neckoski
Љупчо Нечкоски
Досегашниот советник, Љупчо Нечкоски, очекува дека  граѓаните ќе му дадат доверба за уште еден советнички мандат. Овој пат- како независен член на советот.

Тој е носител на независната советничка листа, која вчера во попладневните часови ја поднесе до подрачната единица на Министерството за правда.
На ваков чекор, како што вели Нечкоски се одлучил, затоа што не сака да биде колатерална штета од расколот во Либералната партија, која ја претставуваше во досегашниот состав на советот.

„Од контактите со граѓаните, моите сознанија се дека тие се задоволни од моето работење во советот. По расколот во Либералната партија одлучив да истапам како независен кандидат“, вечи Нечкоски.   

Нечкоски верува дека до вечерва на полноќ ќе успее да ги собере потребните 350 потписи. Тоа е крајниот рок за поднесување независни кандидатури за претседател на државата, за градоначалници и советници на општините.

sovet na opstinaПокрај независната листа на советници на љупчо Нечкоски, до ПЕ на Министерството за правда доставени се уште 7 независни листи. како носители на листите се јавуваат Владо Цветкоски, Љупчо Настоски, Перо Петрески- Калимеро, Никола Пулески, Сашо Ристески, томе Трајаноски и Борче Стојаноски.

Политичките партии пак своите кандидатури можат да ги поднесат најдоцна 15 февруари. Како што ТВМ дознава, во општинската ВМРО- ДПМНЕ во тек е изборот на имиња кои ќе се најдат на советничката листа од оваа партија.   

 

 

 

{loadposition content9}