Skip to main content

„Skills expert“ програма за дуално образование

Преку спојување на образованието и стопанството ќе се обучуваат кадри што им се потребни на компаниите. Идејата за воведувањето на дуалното стручно образование е да се олесни и патот до вработувањето на младите што завршуваат средно стручно образование. С

 |   | 

Преку спојување на образованието и стопанството ќе се обучуваат кадри што им се потребни на компаниите. Брзиот развој на технологијата несомнено бара и брзи промени на програмите за образување кадар кој ќе биде соодветен на потребите на пазарот на трудот, а дуалното образование по се изгледа е совршениот рецепт. Делегацијата на германското стопанство од април 2017-та година, во неколку училишта во земјава ја спроведува програмата за дуално стручно образование „Skills expert“. За да се продуцира кадар со стекнати вештини и компетенции, потребно е учениците во текот на редовното образование да се вклучат директно во производниот процес во компаниите.

„Дуалното образование значи, учење меѓутоа и работење, практична имплементација на знаењата и тоа не било каде туку во реалниот сектор, во стопанството, таму каде што е местото да се учи, да се црпат најдобрите искуства од практичната работа на учениците“ објасни Жаклина Лазаревска – претседател на Комисијата за образование, наука и спорт во собранието на Република Северна Македонија

Овој пилот проект кој сега е во зародиш само во неколку училишта, ќе се имплементира пошироко, бидејќи во Стратегијата за образование на Република Северна Македонија 2018-2025, зацртано е стручните училишта треба да бидат повеќе реформирани во таа насока. ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски е едно од пилот училиштата, кое во таа насока соработува со „ОДВ Електрик“, „Костал“ и „ЛТХ Леарница“. Од 2019-2020 учебната година, во овој училишен центар се воведува уште еден профил од машинската струка, техничар за производно машинство, кажа Дејан Чуповски – проектен менаџер „Skills expert“ програмата.

„Првите класови за дуално стручно образование ги основавме во 2018-та година во Кавадарци и во Охрид, такашто ова училиште е едно од училиштата пионери кои учествуваат во наштата програма, и првиот клас беше за новиот образовен профил, Техничар за индустриска мехатроника, којшто беше изработен по германски стандарди“ кажа Дејан Чуповски – проектен менаџер „Skills expert“ програма.

За да се продуцира кадар со стекнати вештини и компетенции, потребно е учениците во текот на редовното образование да се вклучат директно во производниот процес во компаниите. Таквиот пристап бара и промена на наставниот план и наставните програми со директна вклученост на работодавците согласно нивните потреби за обучен кадар, кој директно ќе се вклучи во производство по завршување на образованието.

„Компаниите во Северна Македонија имаат проблем со наоѓање на стручно образована работна сила. Поучени од искуството од германија, обуката која ја овозможува дуалното образование, со висок степен на практична настава, навистина вродува со плод. Ова го имплементираме во Северна Македонија, особено тука во Охрид во соработка со компаниите „ОДВ Електрик“, „Костал“ и „ЛТХ Леарница“.Но, за тоа се потребни не само компаниите, потребно ви е и училиште, а тука го имаме ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ и среќни сме што имплементацијата се покажа како успешна, од неа бенефит најмногу ќе имаат младите“ вели Тобијас Боле – проектен координатор „Skills expert“ програма.

„Skills expert“ е тригодишен проект кој е од особено значење за развојот во стопанството во Македониј и е типичен пример за јавно-приватно партнерство. Учениците што ќе завршат дуално стручно образование ќе бидат обучени веднаш по матурирањето да почнат со работа. Теоретската настава е застапена со 60 проценти, а 40 отсто е практична работа во компаниите со кои центарот соработува.