Skip to main content

Дрво уништи возила во центарот на Охрид

Утрово во центарот на Охрид, дрво уништи три возила. Попладнево со специјална дигалка се отстрани оштетеното дрво кое предизвика материјална штета.

 |   | 

Утрово во центарот на Охрид, дрво уништи три возила. Попладнево со специјална дигалка се отстрани оштетеното дрво кое предизвика материјална штета.

Во врска со немилиот настан каде од пад на дрво се оштетени неколку возила на улица „Македонски просветители“, од Локалната самоуправа информираат дека „Комисијата за проценка и отстранување на опасни дрва“, излегла да направи проценка на паднатото дрво, а исто така, а овластен вештак извршил проценка на направената штета. .

Од локалната додаваат дека Комисијата ќе изврши проценка и за квалитетот на веќе постоечкиот дрворед долж улицата „Македонски просветители“.

Доколку се процени дека постојат и други дрва кои претставуваат потенцијална опасност, истите во наредниот период ќе бидат отстранети, а на нивно место ќе бидат засадени нови и здрави дрвја, се со цел да се превенираат понатамошни немили настани.