Skip to main content

Охрид обоен и во сино и во црвено

Република Северна Македонија доби претседател, а Охрид градоначалник. Стево Пендароски од СДСМ и коалицијата ја победи Гордана Силјаноска Давкова од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата со 58 499 гласови. Во Охрид пак, спротивни резултати на локалните и претседателските избори. Изборната трка за градоначалник ја доби кандидатот на СДСМ д-р Константин Георгиески, додека на локално ниво на изборите за претседател на државата во Охрид победи кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Охрид обоен и во сино и во црвено. Синоќа во вториот круг од предвремените локални и од председателските избори, резултатите спротивни. Изборната трка за градоначалник ја доби кандидатот на СДСМ д-р Константин Георгиески, додека на локално ниво на изборите за претседател на државата во Охрид победи кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова.
На вонредните избори за градоначалник Георгиески освои 16.523 гласа, а неговиот противкандат од ВМРО ДПМНЕ Митре Милошевски 12.668. Својата воља ја искажале вкупно 30 397 гласачи, а излезеноста беше 58, 12%.
На изборите за претседател на државата пак во Охрид кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова освои 15.127 гласа, а кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски 14.107. Гласале 30 392 гласачи или 58,20% од гласачкото тело. Но на ново на држава на претседателските избори победи Пендаровски, кој освои 51,66% од гласовите. Карактеристично за овие вонредни локални избори во Охрид беше тоа што имаше голем број неважечки ливчиња и тоа околу 1 500, а слична е бројката и при гласањето за претседател. Аналитичарите велат дека тоа е сепак еден показател дека добар дел од гласачите го исполниле своето гласачко право, но при тоа го покажале и своето незадоволство, па гласачките ливчиња ги направиле неважечки.