Skip to main content

Промовирана „Збунки“ од Ана Цветаноска

Синоќа  во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид беше промовирана книгата „Збунки“ од Ана Цветаноска.

 |   | 

Синоќа во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид беше промовирана книгата „Збунки“ од Ана Цветаноска.

Збирката за деца „Збунки“ содржи 12 пиеси. Авторката Цветаноска низ хумористичен тон создала современи пиеси за деца во кои се прикажани секојдневните згоди и незгоди на денешните луѓе. Секоја од пиесите е реалистична слика и сцена од детството на секое дете.

-Драмските ситуации ги опфаќаат сцените од посетата на стоматолог; на средбата за родители во училиштето; ситуации од домашната семејна атмосфера; образовниот процес на секое дете; играта со облаците од фантазии; разговорите со животните и градинарските култури; итн. Авторот создава ликови на животни и растенија во кои низ нивниот глас се истакнати некои негативни човечки особини или душевни состојби и се учат здравите животни навики, рече промоторот Билјана Трајкоска.

Две пиеси присутната публика во библиотеката имаше можност да слушне и на чинот на промоцијата во изведба на дипломираните актерки: Христина Цветаноска, Сара Анастасиевска , Сандра Стефановска и вљубеникот во актерската игра Денис Мехмедовиќ.

Ана Цветаноска е родена 1970 година во Скопје, дипломирала на ФТУ – Охрид а пишува поезија и проза. Зад себе веќе ги има стихозбирките: „Стихови за љубовта“ ( 2012), „Чемерика“ (2015) и „Световина“ (2017). „Збунки“ е прва нејзина книга за деца а синоќа ја најави и новата книгата раскази за деца „Ајви“ која се надева дека ќе биде промовирана и во Охрид каде што авторката минала дел од детството.