Skip to main content

Протест против изградба на петкатница на Туристичка

Жители на населбата Билјанини Извори повторно протестираа против изградбата на зграда на Бул Туристичка. Изградбата на 5катница ќе значи уништување на единственото зеленило во станбениот комплекс реагираат тие. Денес  побараа од градоначалникот на Охрид да ја стопира градбата. За овој случај се чека одлука од Вишиот Управен суд како последна инстанца по однос на тужбата и барњето за поништување на одобрението за градба на оваа зграда, Во моментов инвеститерот работи на терен врз основа на одобрение за подготвителни работи.

 |  Соња Рилковска  | 

Со натписи „Урбана мафија“ ,  денес против изградба на висококатница протестираа жителите на населбата „Билјанини извори“ на булеварот „Туристичка“. Обвинуваат дека без правосилно одобрение за градба започнува изградба на петтокатница во дворно место на комплекс на станбени згради од 70 и 80 години.
Се уништува единственото зеленило во околината,  а воедно се нарушува секојдневното живеење на жителите во 1000 станбени  единици, се жалат граѓаните.
„Ние имаме би рекол граѓанско право и правна основа да бараме да се спречи градбата на оваа зграда, бидејќи ова нема да биде зграда ва ќе биде гробница за анс жителите кои живеат овде во близина. 1045Политичкиот човек го угнетува општествениот човек граѓанинот опасно е веќе да се живее во оваа држава нема институции демократски каде да се обратиме“, вели Никола Кркулев  револтиран станар.
Куќните совети на околните згради поднеле жалба до Вишиот Управен  суд и се уште чекаат одговор. Тие денес  побараа од градоначалникот на Охрид да ја стопира градбата.

„Дали вие како голем љубител на природата ќе дозволите да бидете запаметен  по тоа што во вашето владеење се уништувани тревни површини, сечени, дрвја, со цел градење на бови објекти. Дали ќе дозволите на Вашите внуци  да им ја раскажувате приказната во која главен лик ќе бидете токму вие како градоначалник кој дозволил да се изградат овие бетонски изданија на местото каде некогаш имало убави паркови“, запраша Белинда Андоноска станар.

На протестот им се придружија и претставници на Охрид ЅОЅ  , кои алармираат дека непромислената урбанизација може Охрид  да го стави на листата загрозени градови од Унеско.

„Вакви градежни објекти  го нарушуваат целиот концепт на поранешното живеење  освен што се уништува зеленилото кое што според закон треба да биде 30 тина квадратни метри по жител се уништуваат и доредени човечки слободи. Мислам дека сите овие градби оставаат негативна трага врз местото на Охрид во Унеско“, вели Трајче Талески од Охрид ЅОЅ.

Градоначалникот на Охрид  појасни дека станува збор за стар предмет. Урбанистички план за изградба на станбен објект  на приватен имот бил донесен во 2011 година. Против тој план имало своевремено жалба до Уставен суд но таа била одбиена. Во 2014 година биле платени комуналии за што во 2018 е добиено одобрение за градба.

„Таму има конечно одобрение за градба ова е предмет кој е замрсен и од постар датум  мене ми е жал јас сочуствувам со станарите и со сите тие луѓе кои се засегнати со овој проблем меѓутоа тие реагирале кога се носел планот а нивната иницијатива е одбиена од Уставен суд и јас сега како градоначалник немам никакви методи да инвеститор кој платил комуналии го спречувам во градба“., појаснува градоначалникот Константин Георгиески.

Инвеститорот засега нема правосилно одбрение за градба,  бидејќи предметот е во Вишиот управен суд, се дотогаш не смее да гради, но има право да изведува подготвителни градежни работи на терен.

Инвеститорот на петкатницата со став:


Во врска со денешниот, протес против изградбата на станбен објект  инвеститорот со објаснување дека  Катастарската парцела е приватна сопственост на повеќе сопственици по чие барање,  од страна на Советот на општина Охрид од 2011 г. им се одобрува изградба на објект станбена зграда. Врз основа на ваквата Одлука од страна на Градоначалникот донесено е Одобрение за градење во 2017 г. кое станало конечно во јули следната година.  Тужбата за поништување на ова одобрение до Управниот суд била одбиена како неоснована. Незадоволни од ваквата Пресуда, станарите од непосредното соседство но за жал и од далечното соседство кои немаат ама баш никаква врска со планираниот објект, поднесоа жалба до Вишиот Управен суд, од каде се очеувка одлука во последна инстанца, вели инвеститорот.  – Во меѓувреме а согласно одредбите од Законот за градба и Законот за општа управна постапка инвеститорот од општина Охрид  побарал да се издаде Одобрение за подготвителни работи, кое било издадено на 16.08.2018 г. и кое станало правосилно 4 дена подоцна.
„Она што сега се работи на градежната парцела претставува подготвителни работи , а никако започнување со градба. Секако дека во никој случај навредите од типот на урбана мафија, нема да ги простиме и ќе бараме законска сатисфакција, но не сакаме во овој момент да прејудицираме судски одлуки. Но и да ја известиме и јавноста дека на ваков начин се загрозува и правото на приватна сопственост, со злоупотреба на медиуми и со пласирање на лажни информации. Подготвителните работи ќе се одвиваат во согласност со правосилното одобрение за подготвителни работи.“ – стои во писмениот став од инвеститорот.