Skip to main content

Денот на Европа го одбележаа и учениците во ОУ „Григор Прличев“

На интересен и креативен начин децата од одделенска настава во училишниот двор учеа за симболите и значењето на Европската унија.

 |   | 

9ти мај Денот на Европа како почеток на создавањето на Европската унија пет години по крајот на Втората светска војна како и секоја година се одбележува и во ОУ Григор Прличев.  Преку креативна работилница ученици од одделенска настава од 1во, 3то и 5то одделение во училишниот парк направија ѕвезди , симболот на унијата. Потоа сите заедно ја испејаа  „Ода на радоста“ химната на Европската унија. Учениците од 5то одделение пред своите соученици од пониските одделенија прочитаа податоци за настанувањето на унијата и нејзиното значење.
 
„Денеска е денот на Европската Унија“
„Европската унија е меѓувладина и национална заедница на демократски земји членки“
„Македонија сеуште не е земја членка на ЕУ но има предлог за да стане членка и се надеваме дека ќе влезе. “ – кажаа за ТВМ дел од учениците.

Во наставната програма со Европската унија учениците се среќаваат во 5то одделение, но ваквите работилници на интересен и едноставен начин и на помалите деца им го претставува концептот на унијата.

 „За сите активности се најзаслужни наставниците. Идејата понекогаш потекнува од наставниците а понекогаш од децата но во секој случај, секогаш сме поддржани од родителите за одбележување на сите насатни во училиштето. На рој начин доаѓа до израз креативноста , мотивацијата,  а децата се тие кои се носители на активноста„– изјави Офелија Петреска – дирекотор ОУ Григор Прличев.

ОУ „Григор Прличев“ секоја година зема учество во одбележувањето на Денот на ЕУ. Изминатите години во рамки на одбележувањето организирано од општината , учениците од ова училиште учеа за унијата претставујќи по една држава членка  преку традицијата, географските карактеристики  и историските знаменитости. На една од нивните презентации присуствувал и унгарскиот амбасадор во нашата земја.