Skip to main content

Локалната и централната власт сериозно да ги сфатат забелешките и препораките од УНЕСКО

На следното заседание на Комитетот за светско културно наследство на УНЕСКО , што во јули годинава ќе се одржи во Баку Азербејџан  Охрид може да биде ставен на листата загрозено културно наследство. Екологистите и граѓанските активисти предупредуваат дека не смее да се дозволи поради финансиските интереси на поединци да се загби статусот на Охрид како град под заштита на УНЕСКО.

 |  Соња Рилковска  | 
Охрид градба езеро

Екологистите очекуваат лоша оценка од УНЕСКО. Во јуни во Баку Охрид може да добие нови забелешки или во најлош случај да биде ставен на листа загрозени градови на Унеско, предупредуваат екологистите.
Тие своите тврдења ги базираат на неспроведувањето на забелешките, од деветнаесетте забелешки упатени од  реактивната комисија на Унеско не биле реализирани ниту десет.
 „Во јуни очекуваме да добиеме препорака со уште поголеми забелешки  од УНЕСКО или Охрид  ќе биде ставен во групата загрозени градови. Најверојатно некој во овој град и тоа го посакува. Не смееме да дозволиме за поединци, кога станува збор за дестина, стотина па и милион евра луѓе да добијат од зделки  и нивни финансиски интереси да го загубиме статусот на Унеско. Ако не се реализирани од деветнаесет ни десет тоа зборува за несериозност кон самиот проблем.“, предупредува Трајче Талевски од Охрид ЅОЅ.
Клучен проблем според екологистите е непромислената урбанизација особено на брегот на Охридското езеро, уништувањето на  зеленилото и трската со тоа нарушување на еколошкиот концепт на градот.
 „Опфатени се изградбата на неколку хотели на брегот на езерото,  изградбата на 32 метри високото минаре. Одговор немаме се уште не е разгледано. Кажуваме дека она што го испраќа државата и градот не се состојбите такви како што се претставуваат. Ние имаме свое видување во поглед на  урбаниот  хаос, во поглед на заштитата на езерото  а со тоа и несогледливи последици бидејќи немаме колектор, немаме патна инфраструктура за да може да ги опфати отпадните води“, вели Талевски.
Во забелешките односно извештајот на Охрид ЅОЅ е опфатено и 32 метарското минаре на Алипашината џамија кое веќе ја нарушува визурата на  строго заштитеното градско јадро.
 „Мислам дека тоа е некакво политичко решение на кое што Унеско  би требало да даде одговор и за минарето и за сите градби во Охрид. Додека не се ревидираат сите урбанистички планови, сите дивоградви, додека не се направат студии за влијание врз животната средина и тоа кумулативно не смее да се даваат нови дозволи за градба, но  ете во моментов се градат двесте до триста станбени единици. 17 25 Изведувачот на Алипашината џамија се води  под името на реконструкција и ревитализација, стари објекти се градат односно ревитализираат со идентични материјали со кои што е оригиналот. Овде немаме ништо односно имаме ставање на бетон и цемент“, вели Талевски.
Градоначалникот Константин Георгиески, не сака да прејудицира , рече дека и тој лично ќе присуствува на конференцијата на Унеско во Баку.  
„Мојот коментар е дека најверојатно и јас ќе патувам во Баку на состанокот на Унеско па ќе видиме таму што ќе се случува не можеме да прејудицираме.  Во однос на изградбата на минарето не сум во контакт и не знам дека е проолжена градбата. Тоа е на многу повисоко ниво тука станува збор за договори на ниво на влада односно на две влади. Дирекна инвестиција на странска држава и ќе треба тоа да се решава на повисоко ниво“, вели Георгиески.
Локалните и државните власти мора посериозно да се завземат за спроведување на забелешките од Унеско, апелираат екологистите. Не смее да се дозволи градот да го загуби статусот на заштитено светско културно и природно наследство.