Skip to main content

Ванеса Меј ќе го отвори годинешното издание на „Охридско лето“

Светски познатата виолинистка Ванеса Меј,  во придружба на македонската филхармонија и вокалните солисти од Македонската Опера и Балет, а под диригентската палка на Иван Кожухаров, ќе го отвори годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“. Што се однесува до театарската понуда, ова издание на фестивалот ќе биде посветено на творештвото на македонскиот текстописец, сценарист и режисер Горан Стефановски.

 |   | 

Позната како виолинистката која свири класика стилизирана со елементи на техно, џез па дури и фламенго, Ванеса Меј ќе ја има честа да го отвори годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“. Низ 40 фестивалски денови љубителите на уметноста ќе имаат прилика да уживаат на фестивалските сцени каде ќе се слави врвната уметност, низ богата и квалитетна уметничка програма од врвни уметници, кажа Наташа Поповиќ – директор Н.У. фестивал „Охридско лето“.

„Мене ми припадна честа да го најавам годинешното спектакуларно отворање со мегапопуларната виолинистка, светски славната британка, Ванеса Меј. на 12 јули на Античкиот театар, ќе имаме една незабооравна вечер со уметничка, која го носи епитетот светско чудо. Убедена сум дека заедно со оркестарот на македонската филхармонија и вокалните солисти од МОБ ќе направат спектакуларен концерт“ додаде Наташа Поповиќ – директор Н.У. фестивал „Охридско лето“.

Меј ќе настапи заедно со симфонискиот оркестар на Македонската филхармонија, под диригентската палка на Иван Кожухаров. Покрај Меј дел од музичката понуда на годинешното издание на фестивалот, ќе бидат настапите на албанската оперска дива Инва Мула, Влатко Стефаноски, Мирослав Тадиќ, Дуке Бојаџиев, а Македонската опера и балет ќе настапи со гала оперскиот концерт под диригентската палка на Бисера Чадловска. На ова издание од фестивалот ќе имаме можност да проследиме настапи од голем број чесници уметници од Италија, Австрија, Русија, Бугарија, Германија, Финска,Словенија и други земји, истакна музичкиот селектор на фестивалот Васо Ристов .

„Од успешноста, од изборот на програмата секоја година зависи и реномето на фестивалот кое според домашната, но и странската стручна критикам од година во година се воздигнува.Со тоа и градот Охрид претставува значајна светска уметничка сцена и голема културна метропола, информира Васо Ристов – музички селектор на Н.У. фестивал „Охридско лето“.

Што се однесува до театарската понуда оваа година ќе имаме можност да погледнеме претстави од Македонија, Казахстан, Турција, Португалија и Србија, отварањето ќе биде со претставата „Самрак на боговите“ според истоимениот филм на Висконти, а ова Охридско лето драмскиот селектор на фестивалот Алаксандар Поповски, кој се обрати преку видео линк, рече дека ќе биде посветено на починатиот режисер, Горан Стефаноски. Поповски додаде дека негова најголема желба на некој начин ова Охридско лето да му го посветам на човекот кој е заслужен за генерации и генерации театарски уметници, уметникот за кој Охридско лето беше нешто посебно и сеуште барам вистински начин како да му се оддолжиме и како да оставиме поголем печат за она што тој го правеше за сите нас, рече Поповски.

Инаку директорката Поповиќ објасни дека управата на фестивалот веќе ги финализира и организациско техничките работи за подготовка на фестивалските сцени како што е сцената „Долни Сарај“, а годинава ќе биде воведен и т.н. туристички водич за уметниците.