Skip to main content

Градоначалникот на Охрид ги прими претставниците на „Совест“

Градоначалникот Константин Георгиевски денес оствари средба со членовите на здружението „Совест“ на која тие го известија за барањата кои ги изнесоа на протестот за стопирање на нелегалните градбежни активности кои се преземаат на Али Пашината џамија.

 |   | 

Градоначалникот ги сослуша барањата и предлозите на Совест за решавање на проблемот со Али пашината џамија која се наоѓа во заштитеното градско подрачје, кое всушност беше и дел од најновиот извештај на Унеско за заштита на природното и културното наследство на Охридскиот регион.

Од Здружението Совест информираат дека добиле уверување од градоначалникот Георгиески дека нивните барања и предлози ќе бидат земени во предвид и дека согласно своите ингеренции локалната ќе бара начини да се изнајде решение заедно со централната власт.