Skip to main content

Џорџо Дијана, италијанскиот врвен кулинар ги изнесе забелешките за охридското угостителство

Имате квалитетни продукти кои ги нема во ресторанските кујни, а немате ни едуцирани готвачи кои ќе готват со страст. Тоа е како да имате ламборџини со мотор од фијат, искрен во сугестиите Дијана, шеф со Мишелин ѕвезда. Тој вели дека треба час поскоро да се менуваат за да се понудат мениа со спој на традиционалното и иднината.

 |  Валентина Неловска  | 


Имате прекрасен град и природа, но не и понуда во гастрономијата и кулинарството, проговори за состојбите во охридското угостителствбо Џорџо Дијана, италијанскиот врвен кулинар. Мора доста да работите за да се подобрат состојбите, особено во едукацијата на готвачите кои се без елементарни знаења, а недостасуваат и квалитетните локални продукти кои ги имате во поднебјето, но не се во кујните на рестораните, забележува Дијана. Тоа е како да имате ламборџини со мотор од фијат, искрен во сугестиите Дијана, шеф со Мишелин ѕвезда.

„Она што недостасува кај локалните шефови е пасијата кон профеисјата. Тие не треба само да да го приготват јадењето, туку треба да се внесат и во процесот на производството од каде потекнуваат, на пр. месото, со што е хрането итн. Затоа што во готвењето да се биде прописен шеф е да се има пасија. Овде за жал, локалните шефови готват само за да преживеат. Врвен шеф треба да има целосна посветеност кон професијата и да се опфатат сите аспекти, а не само да е тоа рутина во приготвување на храната“, смета врвниот шеф Дијана.

Со неговите забелешки се согласува и професор Ангела Василевска од ФТУ, која вели дека имаме потенцијал, но за жал стагнираме во креирање на кадри, дека на една рака се бројат охридските ресторани со уникатна понуда на мени. Таа напоменува дека недостасува начинот на презентација на храната и користењето на локалните производи во угостителските објекти.

„Тоа е многу важно ако сакаме да има врска меѓу локалните произведувачи и готвачите. Ќе го нудиме локалниот автентичен производ и ќе креираме уникатен туристички производ, а од друга страна ќе има и поддршка кон локалните производители што е важно за економскиот развој на регионот“, вели Василевска.

Професор Василевска се надева дека угостителите, образованието и општината ќе ги искористат искрените сугестии и забелешки за заедно да креираат квалитетна туристичка дестинација како што заслужува Охрид. Таа напомена дека преку организацијата „SLOWFOOD“ е напрвен притисок на министерството за земјоделие да се донесе нов закон кој ќе им овоможи на локалните производители да ги нудат производите на рестораните. Од ЛС, пак, во таа насока укажуваат на подготвување на документација за изградба на дистрибутивен центар каде што ќе се поврзуваат производителите на зеленчук и овошје со угостителите.