Skip to main content

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ ГИ ПРИМИ НАГРАДЕНИТЕ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР „БАЛКАН ЈУНИОР 2019“

Градоначалникот Константин Георгиески, денеска ги прими и им честиташе на учениците Надица Кузманоска и Александар Лазароски од  ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ , кои под менторство на професорите Владо Јанкулоски и Љупчо Балески, го освоија  третото место на Меѓународниот натпревар „Балкан јуниор – Охрид 2019“.

 |   | 

На средбата, директорот на училиштето Сашо Недески, на градоначалникот Константин Георгиески му врачи благодарница за поддршката на Локалната самоуправа во организирањето на Седмиот Меѓународен натпревар од областа на електротехниката, машинството и мехатрониката „Балкан Јуниор 2019“ .

На натпреварот, кој се одржа од 02. до 05. 05. 2019 година во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ учествуваа 16 ученици од 8 средни технички училишта од балканските земји.