Skip to main content

Ќе се корнат палмите во Охрид по препорака на УНЕСКО

Една од препораките во извештајот кои ги добивме од УНЕСКО кој треба да биде разгледан на 43-та сесија на Комитетот за културно наследство што ќе се одржи наредниот месец во Баку, беше и внимателно набљудвање на автентичноста и интегритетот, на архитектонското и урбанистичката кохерентност на Охрид.

 |   | 

Една од препораките во извештајот кои ги добивме од УНЕСКО кој треба да биде разгледан на 43-та сесија на Комитетот за културно наследство што ќе се одржи наредниот месец во Баку, беше и внимателно набљудвање на автентичноста и интегритетот, на архитектонското и урбанистичката кохерентност на Охрид.

Притоа од УНЕСКО препорачуваат да се избегнува користење на форми и материајли кои не се карактеристични за подрачјето и флората, како што беа палмите засадени пред неколку години, но и да се избегне користење на големи комерцијални билборди со кои се нарушваат визурите на градот.

Во Охрид, во рамки на кампањата на Владата на Никола Груевски за садење палми, преку ЈП „Македонски шуми“ пред неколку години беа засадени над 200 палми во градот на источното крајбрежје на езерото, од кои што поголемиот дел се исушија и покрај тоа што беа покривани со специјални заштитни платна.

Ако се знае дека за сите 1.100 набавени палми во Македонија, Владата вложила околу 522.000 или преку половина милион евра, тогаш една палма чини просечно околу 500 евра.

Инаку подготвителната информативна сесија за Нацрт- извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Планот за управување со природно и културно наследство во Охридскиот регион закажана за 27 јуни 2019 година во Охрид се одложува- соопштија денеска од Министерството за животна средина.

Без разлика што оваа средба значи рано вклучување на јавноста во изработка на документот увидена е потребата од дополнување на Нацрт-планот.

За терминот на нејзиното одржување јавноста ќе биде дополнително известена.

Подготвителната информативна сесија се организира во согласност со препораките на Архускиот жалбен комитет и член 6 од Архуската конвенција за рано вклучување на засегнатата јавност во процесот на донесување на одлуката за Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и има за цел запознавање на засегнатата јавност со процесот, податоците со кои се работи и документите кои се користат или секциите кои се подготвени, а за кои е потребно рано информирање на засегнатата јавност.