Skip to main content

Продолжува сагата за Охрид

Љубителите на пишаниот збор и приказните за Охрид, повторно може да уживаат во расказите, за луѓето и местата, кои својата приказна ја вткале во историјата, традицијата и постоењето на Балканскиот Ерусалим. Авторот Валентина Нелоска, ни го подари продолжението на нејзиното прво пишано дело, „Сагата за Охрид“, преполно со уште поинтересни прикзани.

 |   | 

Триесет и една приказна за Охрид, за луѓето, местата и случувањата, кои од генерација на генерација охриѓани ги пренесуваа, но и себично ги чуваа само за себе. Од неодамна вткаени во уште една збирка раскази на авторот Валентина Нелоска. Станува збор за второто продолжение, на популарната „Сага за Охрид“, слична збирка на раскази, која Нелоска пред две години ја сподели со читателите. Таа вели дека задоволството е големо кога се трага по приказни, по архивите, кога се остваруваат контакти со познатите охридски семејства, кога се раскажува и пишува за спомени.

„Донесувам во продолжението на „Сага за Охрид“ нови урбани приказни, случувања, кои се реални, вистински. Овојпат се задржав на Охридските маала, обработени се неколку поголеми градски јадра, кои се дел од урбаната историја на градот“, вели авторот Валентина Нелоска.

Со второто породлжение на „Сага за Охрид“ се збогатуваат уникатните и мошне содржајни стории за градот но и пошироко, како што се насловите посветени на Струга, струшките села Вишни и Глобочица и за Дебрца. Станува збор за литературна обработка на дел од историските телевизиски прилози и емисии од серијалот „Печат“, во кој се поместени разни теми со економски, културни, историски мотиви, спакувани во навидум ситни приказни кои во себе носат искрени историски вистини. И овој пат, еден од главните мотиви во делото е нешто по кои нашиот град бил познат, а тоа е соживотот.

„Се оттуѓуваме, за разлика од некогаш. Кога во еден разговор, кој сега ми падна на памет во врска со живботот во населбата канео, ќе ја собереле и муренката, ја раздавале на соседите, па и ако нешто се приготвело дома, денес тоа се помалко го има. Без разлика, не го зборуваме тоа за соживот меѓу две три националности, македонци, албанци и турци, туку и меѓусебе како соседи, без разлика на етничката и религиската припадност“, кажува авторот Валентина Нелоска..

Охрид е град за кој е заинтересирана како македонската, така и светската научната јавност, а посебен допринос за тоа имаат и ваквите дела кои секојдневно го афирмираат градот, оставаат неизбришливи траги, но и раскажуваат приказни кои досега беа себично чувани од охриѓани. За таа цел Нелоска вели дека, овие две компилации од најубавите и најинтересни приказни за Охрид, во блиска иднина ќе бидат преведени на Англиски јазик, со што ќе станат достапни и за оние кои сакаат малку подлабоко да навлезат во тајните и спомените на еден од најубавите градови на овие простори. Второто продолжение на книгата „Сага за Охрид“ може да се купи во книжарницата „Просвета“.