Skip to main content

Во Северна Македонија има околу 20.000 заболени од Алцхајмерова Деменција

Грижата за менталното здравје, пред се во справување со болестите на третото доба како што е деменцијата е од исклучително значење во време кога населението во светот старее.

 |   | 

Грижата за граѓаните во трета животна доба и посебно креирањето на пријателско општество за 52та милиони заболени од деменција во светот во 2018 година, ќе биде еден приоритетите на ЕУ во годините што доаѓаат. Ваквата состојба го отвора прашањето за соодветна едукација на населнието, но и на лицата кои се грижат за нивното здравје. Од исклучително значење е да се поттикне свеста во општеството за овој растечки проблем. Примарна е соработката помеѓу науката, односно лекарите и самите влади во земјите да ги разберат проблемите што ги носи заболувањето, од превенција на болеста, подобрување на квалитетот на живот на болните и како да се поддржат семејствата и оние што се грижат за нив. – вели Хелен Херман – Светската психијатриска асоцијација.

„Многу често, раните симптоми на болеста се губење на краткотрајната меморија, чуството за изгубеност на веќе познати места, понекогаш доаѓа и до промени кај личноста, така што некој што важел за толерантна личност, станува нервозен, уплашен, а некогаш и депресивен“ вели Хелен Херман – Светската психијатриска асоцијација.

Современата медицина изнајде лек за многу болести што го продолжуваат животниот век, но не и за деменцијата, што создава исклучителни проблеми, особено во традиционални општества какво што е македонското, предупредуваат експертите. Станува збор за заболување кај кое стапката на прогрес е различна кај различен пациент. Пример кај некои пацеинти заболувањето може да остане само на заборавеност, додека кај други пациенти може да дојде до сериозни последици.

„Нашите пациенти доаѓаат доцна. Поголемиот број од нив доаѓаат во средно тежок или тежок стадиум на деменција, веројатно заради се’ уште присутниот мит дека заборавањето е дел од нормалното стареење. Често пати велиме па забораваат, стари се, тоа е сосема нормално, не, стареењето е физиолошки процес, а Алцхајмеровата деменција е болест која треба да биде дијагностицирана и лекувана. Денес во Македонија би требало да има некаде околу 20.000 заболени од Алцхајмерова Деменција, тоа е голема бројка“ изјави Габриела Новотни од Клиника за неврологија.

Експертите укажуваат дека до 2050 година процентот на старо население на планетата ќе се зголеми за околу 250 %, а во многу земји тоа ќе биде доминантна популација, што пак ќе придонесе за зголемување на бројот на заболени од деменција. Мора заедно да се работи со лекарите од општата клиничка пракса, матичните лекари за рано препознавање на болеста, едукација на младите за рано препознавање на симптомите на болеста и нивно навремено подложување на соодветен медицински третман.