Skip to main content

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА АКЦИЈА ЗА СПАСУВАЊЕ СТРАНСКИ ТУРИСТИ

Благодарение на проектот “Регионот Охридско Езеро – Безбедна Дестинација за Авантуристички Туризам”, уште една спасителна акција беше спроведена брзо и ефикасно. Благодарност до Европската унија за поддршката и развојот на Планинската Спасителна Служба во охридскиот регион ЕУ ИнфоЦентар.

 |   | 

На 26.05.2019 година, во 20:25ч. Планинската Спасителна Служба, преку СВР Охрид доби дојава дека, на територијата на НП Галичица, изгубени се две лица, странски државјани. Оперативниот центар на ПСС веднаш ги алармира волонтерите, стапи во контакт со изгубените и со помош на GPS координатите од нивниот мобилен телефон, ја одреди нивната локација, на 1,5км југоисточно од с.Пештани, по што започна акцијата за нивно безбедно извлекување.

Поради тешко пристапниот терен и густата вегетација на тимот му беа потребни 2 часа и 30 минути за пристап до лицата и уште околу 2 часа за нивна безбедна евакуација. Акцијата заврши рано утрото на 27.05.2019г. 30 минути по полноќ.