Skip to main content

Празна и заклучена е продавницата на Нефа-мебел во Охрид

Досега само еден купувач поднесол претставка до Државниот пазарен инспекторат-одделение Охрид. Од инспекторатот велат излегле веднаш на терен, но неможат ништо  да направат бидејќи салонот е затворен.Советуваат купувачот  да покрене приватни тужба  за измама.

 |  Валентина Неловска  | 

Сканадалот со продавниците Нефа-мебел не го заобиколи ни Охрид . Од 24 мај салонот во центарот на градот е празен и под клуч. Овој продажен простор беше еден од 14- те во земјава кој го тресе аферата со измамени купувачи кои платиле мебел и чекаат испорака, а во меѓувреме продажните салони преку ноќ останаа празни и затворени. Засега е неизвесно колку купувачи од регионов се изманипулирани и останаа без испорачан, а платен мебел. До Државниот пазарен инспекторат во Охрид утринава помош и совет побарал само еден купувач.

„ Веднаш е излезено на лице место и констатирано е дека објектот е затворен, нема залихи на стока, не работи. Има известување дека дуќанот се продава, издава. За одбележување е тоа шо потрошувачите ги запознаваме со нивните права. Нема реален објект за да се изврши инспекциски надзор треба да се поведат постапки со тужби за наравена измама“, изјави раководителто на Државен пазарен инспекторат одделение Охрид.

Во меѓувреме инспектори во цела Македонија се излезени на терен и евидентираат каков мебел и капитал поседува фирмата. Од инспекторатот побарале и вклучување на Финансиската полиција и другите институции.

„ Се постапува на централно ниво. МВР , Финансиска полиција сите служби на централно ниво на териториј ана цела држава не само во Охрид “, вели Ристески.

Според официјалните податоци од Централен регистар, сопственик на „Нефа мебел“ во Македонија е „Холодекс“, друштво со ограничена одговорност од Белград. За нешто повеќе од една година „Нефа мебел“ сменила тројца управители, а само еден од нив е Македонец. Прв управител на фирмата била Ана Ростокина, од 24 јануари до 16 мај 2018 година. По неа, најдолго време, до 10 мај оваа година, непосредно пред измамата, управител е извесен Дане Тодоровски. Актуелен управител од 10 мај па се досега е Јулијана Вицо.
Според податоците од Централен регистар, фирмата ја завршила минатата година со загуба од над 350 илјади евра.