Skip to main content

Започна промоцијата на новата еколошка кампања „За чисто како дома исто“

Делегацијата на европската унија, предводена од евроамбасадорот Самуел Жбогар ќе ги поддржи таканаречените херои од соседството кои ја започнаа промената и испраќаат моќна порака дека ѓубрето наоколу е наше. А промени настануваат преку давање пример од страна на поединци или на општините.

 |   | 

Делегацијата на европската унија, предводена од евроамбасадорот Самуел Жбогар ќе ги поддржи таканаречените херои од соседството кои ја започнаа промената и испраќаат моќна порака дека ѓубрето наоколу е наше. А промени настануваат преку давање пример од страна на поединци или на општините. Евроамбасадорот рече дека ќе биде голем срам за државата и граѓаните доколку Охрид го загуби статусот на заштитено светско наследство на УНЕСКО. Затоа сите треба да се обединат и да се направи се што е потребно, за Охрид да остане на глобалната листа на места со значајни природни и културни вредности

Евроамбасадорот Самуел Жбогар токму од Охрид ја Започна промоцијата на новата еколошка кампања именувана како „За чисто како дома исто“, која има за цел преку поддршка на еко активизмот да ја подигне свеста кај граѓаните, но и кај локалните власти за заштита на животната средина и поголема јавна чистота. Евроамбасадарот истакна дека не е случајно што кампањата стартува од Охрид, бидејќи токму на Охрид како културно и природно подрачје заштитено од УНЕСКО му недостига индивидуална и колективна одговорност токму кон зачувување на животната средина.

„Една кампања не може да апсолвира вака голем проблем и долгогодишното занемарување на прашањата кои се однесуваат на заштита на животната средина, но може да помогнеме да се чуе гласот на добрите луѓе кои водат грижа. Ќе работиме со градоначалниците и ќе ги охрабруваме да бидат покативни во поддршката кон активистите и организирање на акции за чистење на општините, една од општините која може да послужи како пример на останатите градоначалници е општина Струмица“ истакна Жбогар.

Во рамки на кампањата „За чисто како дома исто“ евроамбасадорот Жбогар во Охрид се сретна со активисти од регионот со кои разговараше за еколошките проблеми и кажа дека целта на оваа кампања е токму поддршка таканаречените херои од соседството кои ја започнаа промената.Запрашан за последниот извештај на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, кој содржи сериозни забелешки за заштитата на универзалните вредности на Охридскиот регион, поради што тој би можел да се најде на листата на загрозени подрачја, Жбогар истакна рече дека не може да коментира извештај на УНЕСКО, но смета дека истиот треба да биде сфатен како најголем можен аларм. Ова треба да ги разбуди сите надлежни институции да преземат итни мерки со кои ќе запре деградацијата на културното и природно наследство на Охрид, рече Амбасадорот на ЕУ.

„Ќе биде штета за државата и граѓаните доколку Охрид го загуби статусот на заштитено светско наследство од УНЕСКО. Затоа сите треба да се обединат и да се направи се што е потребно, односно се што бара УНЕСКО за Охрид да остане на глобалната листа на места со значајни природни и културни вредности“ – порача Жбогар.

Инаку, активностите од кампањата која ќе се реализира во 8 градови под брендот „ЕУ за тебе“, ќе траат до 19 јуни. Притоа, граѓаните можат да се регистрираат како екоактивисти и да учествуваат во акциите за чистење кои ќе се спроведат во нивните градови. Активистите и општините можат да учествуваат во т.н. предизвик „пред и потоа“.