Skip to main content

Изработена физибилити студија за откупен дистрибутивен центар во охридскиот рeгион

Следува дефинирање на локацијата и основен проект. Овој објект е долго посакуван центар за охридските земјоделци и овоштари. Со неговата изградба корит ќе имаат не само производителите туку и трговците и угостителите кои во моментов на нивните менија ги нема квалитетните локални производи.

 |  Валентина Неловска  | 

Општина Охрид ја изготви Физибилити студијата за оправданоста од изградба на откупен дисктрибутивен центар. Со тоа тргнуваат работите од мртва точка во насока на решавање на еден горлив проблем за производителите на храна, трговците и угостителите. Секторот за туризам и локален економски развој при Локалната самоуправа е нарачател на студијата во која сега се дефинирани сите услови во однос на производството и побарувачката на локалните производи, напоменува Ѓоко Апостолов од Тлер. Претходно беа согледани потребите и бенефитот од една ваква инвестиција во регионот. Земјоделските и сточарските производи не се застапени на менијата на угостителските објекти заради неповрзаноста со производителите“ , информира Ѓоко Апостолов.

„ Следно е во план за оваа година да се дефинираат локации за дистрибутивен центар. Останува да се направи основен проект врз основа на локацијата. Физибилити студијата има предвидено неколку модели за ваков дистрибутивен центар. Се надаваме наскоро преку изборот на моделот јавно приватно партнерство или со продажба на земјиште ќе дојдеме до изградба на тој откупен дистрибутивен центар“,

Дистрибуивниот центар ќе им го олесни поврзувањето на охридксите производители на храна со трговците и угостителите. Тие подолго време укажуваат и апелираат од потребата да се изгради соодветен центар. Во моментот во охридско има неколку откупни центри , но со мал капцитет . Во нив може да се складираат до 60 тони производи од овоштарските и земјоделските култури, но потребни се поголеми капцитети . Изградбата на откупен дистрибутивен центар со капацитет до 300 тони ќе го реши проблемот на земјоделците и овоштарите. Се почести се апелите на кулинарите од потребата на менијата во охридксиет ресторани да се вклучат локалните производи.

„ Тоа ќе е спона меѓу производителите и угостителите за да се вметне мени составено од локални проиводи кои треба д асе достапни барем во сезоната кога виреат. Преку тој дистрибутивен центар ќе им биде загарнтиран и кавлиетот ипламснот .Мените ќе биде поддржано со посериозен пристап. Сега угостителите немаат гаранција дека ќе имаат квалитет во сезоната со континуирана набавка “, напоменува Апостолов.

Во охридскиот регион, според државниот завод за статистика се регистрирани 1251 индивидуални земјоделци и 7 фирми. Во регионот има 6561 хектар обработлива површина од кои на 300 хектари се засадени овоштарници, а само 10 проценти се ораници и бавчи. Минатата година во охридско биле произведени 800 тони зеленчук и околу 9500 тони овошје.