Skip to main content

РК Охрид утре го пречекува Вардар Јуниор во последниот натпревар од плеј аутот

РК Охрид, утре го игра последниот натпревар во машкатата ракометна суперлига. Во последното коло од плеј аутот на домашен терен ја пречекува екипата на Вардар Јуниор. Натпреварот е закажан за во 17 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.

 |   | 

Во последното коло од плеј аутот РК Охрид го заокружува настапот  во машкатата ракометна суперлига пред домашна публика.  Охридските ракометари утре со почеток во 17 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ ја  пречекуваат екипата на Вардар Јуниор, натпревар во кој  гладијаторите се фаворити. Моментално еден од најдобрите ракометари во екипата е младиот Мартин Иваноски кој добро ја користи дадената доверба од тренерот Андоновски.


„За разлика од младинската екипа каде што играм 60 минути и имам голема слобода сега кога играм во прва постава во сениорскиот тим тоа е поголема одговорност. Поинакво е чувството да играш со слобода и со одговорност.“ – вели Мартин Ивановски.

РК Охрид со победа над Вардар Јуниор ќе бидат први на табелата во плејаутот од Супер лигата. Веќе половина од играчите со мислите се веќе дома, тешко е да се игра, но тие се професионалци и ќе изнајдат сили да го одиграат овај последен натпревар, вели спортскиот директор Горан Недески. Тој ја отцени сезоната како успешна.

„ Како што кажав уште на првата прес конференција што се однесува до финансиите наследивме една нестабилна состојба и нашата основна цел беше да го стабилизираме клубот и да ја вратиме публиката во сала.  Тие две работи ги постигнавме.“ кажа Горан Недески – спортски директор РК Охрид.

РК Охрид нема заостанати долгови кон играчи и доверители. Клубот се надева на финансиски стабилност и во следната сезона пред се со поддршка од општината. Следуваат акционерско и редовно собрание на клубот каде одборот на директори ќе одлучат во кој правец ќе се движи клубот во иднина.