Skip to main content

ОБЈАВЕН ВИДЕО КОНКУРС НА ТЕМА „ЗОШТО ЕВРОПА СИ ТИ”

По повод овогодинешното одбележување на Денот на Европската Соработка, Интерег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија објави видео конкурс на тема „Зошто ЕВРОПА СИ ТИ?”.

 |   | 

По повод овогодинешното одбележување на Денот на Европската Соработка, Интерег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија објави видео конкурс на тема „Зошто ЕВРОПА СИ ТИ?”.

Учесниците се поканети да подготват кратко видео на македонски јазик или на англиски јазик, направено со паметни телефони со максимално времетраење од 40 секунди. Конкурсот е отворен за сите граѓани кои живеат во регионите на прекуграничната соработка помеѓу двете соседни земји, како и за сите средношколци и студенти.

Видеата треба да одговорат на прашањето: „Како Европа е во твоја корист”, односно „Зошто ЕВРОПА СИ ТИ?” што е слоган на овогодишната кампања на Денот на Европската Соработка 2019.

Според условите на конкурсот, подготвените видео презентации треба да се достават на адресата jts-ipa-cbc@mou.gr најдоцна до 30-ти јуни 2019 година. Жирито формирано од Програмата, ќе избере група финалисти, а победничкото видео ќе биде изгласано на денот на изложбата имено, на денот на одбележувањето на Европската Соработка која ќе се одржи во текот на месец Септември / Октомври, 2019 година. Победничкото видео ќе добие признание и паметен часовник како награда.