Skip to main content

Најдобрите теквондисти од земјава, викендов во Охрид ќе ги одмерат силите во европско Таеквондо

Организаторите очекуваат од 150 до 200 натпреварувачи, претежно од македонските клубови, но и од земјите од регионот, од Србија, Црна Гора, Албанија и Бугарија. Турнирот е во организација на охридскиот таеквондо клуб „Хваранг Фист“.

 |   | 

Во Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, во сабота, на 1-ви јуни ќе се одржи првиот Национален Таеквондо турнир „Ohrid OPEN 2019“, во организација на охридскиот клуб „Хваранг Фист“. Клубот е под раководство на Ацо Јосифоски, V дан, Светски семи-контакт и европски Таеквондо шампион, повеќекратен освојувач на медаљи од европски и светски првенства. Организаторите очекуваат учество на спортисти кои ќе се натреваруваат во неколку категории: машка, женска, кадети, јуниори и сениори. Најавуваат фер плеј, максимална транспарентност и одлична атмосфера за натпреварувачите.

„Македонската таеквондо федерација има календарски систем на натпревари, наречен турнирски систем, и секој клуб е должен во текот на натпреварувачката година да направи еден турнир. претходниве години ние се извлекувавме зошто наместо турнирот организиравме таеквондо камп во траење од 14 дена на кој учествуваа сите клубови членки на федерацијата“ кажа Ацо Јосифоски – организација „Ohrid OPEN 2019“.

Инаку во Охрид за прв пат се организара еден ваков турнир, затоа што станува збор за олимписко Таеквондо и се работи икслучиво електронски, што значи дека целиот натпревар е базиран на електронски систем на бодување, а исфрлени се и старите правила според кои судиите впишуваат поени, па подоцна е спорно што виделе, а што не. Поради тоа и одговорноста на организаторите е поголема. Таеквондото е возбудлив и интересен спорт кој во светски рамки ужива голем респект, но во Македонија иако не е популарен како фудбалот или кошарката сепак успева да опстои повеќе од 2 децении. Последниве неколку години ја доживува вистинската ренесанса.

„Во македонија веќе 25 години имаме таеквондо и се некако тапкаме во место. последниве 7-8 години со рпомена на раководството на федерацијата, таеквондото многу напредна. За прв пат имаме натпреварувач кој се бори и брка норма за учество на олимписки игри.За прв пат после 25 години имаме таков човек. Имаме натпреварувачка која веќе учествуваше на Јуниорските Олимписки игри во Аргентина, самото одење таму е успех за државава“ рече Ацо Јосифоски – организација „Ohrid OPEN 2019“.

На првото издание на турнирот организаторите очекуваат од 150 до 200 натпреварувачи, претежно од македонските клубови, но и гости од земјите од регионот, од Србија, Црна Гора, Албанија и Бугарија.