Skip to main content

Од НВО Фронт 21/42 на Владата и порачаа : Наместо да креира илузија, да се посвети на заштитата на Охридскиот регион

Вистинската грижа ќе започне кога ќе се донесе мораториум кој целосно ќе се почитува и ќе влезе во одлучна и храбра борба против дивоградбите, сметаат од  Фронт 21/42 кои од 2010 година беа дел од работната група на предлог законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион. 

 |  Валентина Неловска  | 

Од НВО Фронт 21/42 на Владата и порачаа: „Наместо да креира илузија, да се посвети на заштитата на Охридскиот регион“. Александра Бујароска од Фронт 21/42, која беше дел од работната група на предлог измените во Законот за управување со природното и културното наследство во охридскиот регион од 2010 година, напоменува дека се разoчaрани што во последен момент биле тргнати важни одредби за реална имплементација на мораториумот за градба, па потоа во последен момент вратени по обелоденување на намерата на Комисијата на Унеско да го стави Охридскиот регион на листа на загрозени поддрачја.

„ Некои одредби се вратија , но тоа во нашите очи е обид да се претстави грижата и не може да се тврди дека тој закон нема да остане мртво слово на хартија туку вистински ќе се имплементира. Особено од општините кои не покажаа волја да спроведат мораториум во рамките на подрачјата. За вистински да се спроведе мораториум ќе треба поодлучна и храбра борба со институциите, општините, со сите засегнати страни кои одлучуваат за таков вид на пресинг“, напоменува Бујароска.

Вистинската грижа ќе започне кога ќе се донесе мораториум кој целосно ќе се почитува и ќе влезе во одлучна и храбра борба против дивоградбите, вели Бујароска.

„ И на струшката и на охридската страна во нашата евиденција нема терк да се почитува она што се бара од Унеско. Она што е сериозно важно е да се ангажираат сите човечки ресурси да се искористи ситуацијата за да се добијат финансиски и експертски средства од Унеско вистински да се заштити регионот, препорачува Бујароска.

Ја користиме оваа можнсот уште еднаш јавно да побараме од актуелната власт наместо да вложува драгоцено време и пари во креирање на илузија за УНЕСКО, домашната и меѓународната јавност дека политиката за Охрид, Струга и Дебарца е драстично променета и сега има грижа и посветеност – навистина да се посвети и да почне да се грижи за единственото природно и културно наследство во земјава и едно од само 7-те мешовити наследства на европскиот континент. Бараме и локалната и националната власт во најбрз можен рок да прогласат мораториум за сите урбани и крајбрежни трансформации во Охридскиот регион и да обезбедат доследно спроведување и почитување на мораториумот и итно да ги прекинат постапките за легализација на бесправните објекти и да пристапи кон изготвување на инвентар на дивоградбите, повикуваат од НВО Фронт 21/42.