Skip to main content

Ќе се воведе автобуска линија за патници од Елбасан до охридскиот аеродром

ТАВ Македонија, денеска во Елбасан, Албанија, ги претстави можностите за евтини патувања од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид и Меѓународниот Аеродром Скопје за граѓаните на Албанија, на средба со локалните туристички агенции во овој град во централниот дел на Албанија.

 |   | 

ТАВ Македонија, денеска во Елбасан, Албанија, ги претстави можностите за евтини патувања од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид и Меѓународниот Аеродром Скопје за граѓаните на Албанија, на средба со локалните туристички агенции во овој град во централниот дел на Албанија.

Дополнително од промоцијата на мрежата на авиолинии на аеродромите во Скопје и Охрид, ТАВ Македонија денеска на туристичките агенции во регионот на Елбасан, им ја нагласи важноста од воспоставување на редовна автобуска линија од Елбасан до аеродромот во Охрид, бидејќи воведувањето на ваква редовна автобуска врска вистински ќе ја стави на располагање близината меѓу двата града, кои што се оддалечени 86km, или само на час и половина возење.

-Охридскиот аеродром е навистина близу до Елбасан, само 1,5 часа возење со автомобил, а сепак двата града немаат редовни автобуски линии. Албанија, особено Елбасан е во нашата гравитациска зона со голем потенцијал за Охридскиот аеродром. Следствено на тоа, евтините авионски линии од Охридскиот Аеродром и географската близина на двата града, можат да бидат искористени целосно, ако заеднички ги вложиме нашите напори за да ја постигнеме оваа цел. Затоа, денеска сме тука за да ги известиме локалните туристички агенции и албанската јавност, за придобивките што ќе ги почувствуваат ако го изберат охридскиот аеродром за нивните патувања, изјави Неџат Курт, Заменик генерален директор за операции во ТАВ Македонија, по средбата со локалните тур-оператори одржана во Елбасан, Албанија.

Потенцијалните патници од Албанија, дека повеќе информации може да добијат ако ја посетат веб-страницата на охридскиот аеродром: http://ohd.airports.com.mk, каде можат да најдат контакт-броеви од аеродромот во Охрид и контакти од авиокомпаниите кои што летаат од Охрид, од каде пак можат да добијат информации во врска со авионските билети.

Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид моментално има вкупно 18 дестинации, од кои 8 се редовни, а во исто време и ниско-буџетни авиолинии коишто сообраќаат во текот на целата година.