Skip to main content

Охрид останува една од општините со висок негативен прираст на население

Охрид и натаму е една од општините со висок негативен прираст на население. Во наведениот период, во Охрид се родиле 129 бебиња, а починале 199 лица, од кои едно новороденче.

 |   | 

Охрид и натаму е една од општините со висок негативен прираст на население. Во наведениот период, во Охрид се родиле 129 бебиња, а починале 199 лица, од кои едно новороденче. Иако понизок, негативен природен прираст има и општина Струга. Таму во првото тромесечие се родило 121 бебе, а починале 130 лица.

Во општина Дебрца, пак, се родиле 8 бебиња, а починале 18 лица.Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 6.2 % во споредба со истиот период од 2018 година и изнесува 2 688 бракови. Во ова тримесечје се добиени 394 извештаи за разведените бракови или 75 помалку во споредба со истиот период од претходната година. Во Охрид во првите три месеци од годината се склучиле 60 бракови, а 9 биле разведени.

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2019 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 13.3 % и изнесува 4 555 живородени деца.Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2019 година бележи зголемување од 3.7 % во споредба со истото тримесечје од 2018 година и изнесува 5 631 лице, а од нив 23 се умрени доенчиња.Природниот прираст е негативен и изнесува 1076, што значи за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.