Skip to main content

ПРЕКУ ПРОЕКТ ЗА ИНКЛУЗИВЕН УРБАН РАЗВОЈ, КЕЈОТ „МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ СТАНЕ ПЕШАЧКА ЗОНА

Со адаптација на улицата „Македонија“ во пешачка зона, ќе се обезбеди  поинаков спој меѓу езерото, луѓето и урбаниот дел на градот.

 |   | 

Со адаптација на улицата „Македонија“ во пешачка зона, ќе се обезбеди поинаков спој меѓу езерото, луѓето и урбаниот дел на градот.

Стратешките определби на локалната самоуправа од Oхрид се да се обезбеди одржлив развој во кој ќе бидат задоволени потребите на жителите, но и заштитата на природното и културното наследство, во кое ќе уживаат и граѓаните и бројните туристи од светот. Од Локалната признаваат дека во изминативе неколку децении направени се бројни пропусти и штети врз хармонизираниот спој на природните, културните и вкупните амбиентални вредности, единствено карактеристични за овој простор, но стои определбата да се запре тој тренд и да се креираат нови стратегии за одржилив развој на Охридскиот регион.

Охрид и Охридското Езеро, старо околу 3 милиони години, се светска природна и културна реткост, во која на вонвременски начин се спојуваат убавините и реткостите.

Охридскиот тим, како урбанистички предизвик во рамки на програмата, го работи проектот „New horizons through advanced walking zone“, кој всушност се однесува на адаптирање на улица „Македонија“ во пешачка зона. Проектот се работи на ниво на физибилити студија. Една од идеите за зголемување на атрактивноста на просторот е создавање на унапредена – проширена пешачка зона со која би било исклучено движење на возила по улица „Македонија“.

Станува збор за дел од голема програма која ја спроведуваат ICLD (Интернационалниот центар за Локална демократија) и SKL International (дел од шведската асоцијација на локални управи и региони) од Шведска, кои овозможија во програмата заедно со тимовите од седум градови од Србија, Украина и Турција да биде вклучен и тимот на општина Охрид.