Skip to main content

Скоро секој втор Македонец е активен пушач

Тоа го покажале истражувањата на Институтот за јавно здравје и оптшинските центри за јавно здравје во земјава. Над 40 проценти од пушачите се младо возрасно население, а над  50 проценти од активните пушачи се мажи. Децата првата цигара ја палат на 11 годишна возраст. Денес се одбележува Светскиот ден без тутун,а во фокусот е здравјето на белите дробови.

 |  Валентина Неловска  | 

Скоро секој втор Македонец или 46 проценти од населенито се активни пушачи, покажала Студијата за штетноста од  психотропни супстанци. Последните истражувања од минатата година направени од Институтот и општинските центри за јавно здравје покажале дека 57, 8 проценти од македонските пушачите се на возраст помеѓу 36 и 44 години, а 40,2 проценти се младо возрасно население на возраст од 15 до 34 години. 12,6 проценти првата цигара ј а запалиле на 15 години, а 6,1 посто на 14 години. Дури 4,1 посто експериментирале со првата цигара на 11 години и помала возраст, информира д-р Даниела Чингоска, специјалист по социјална медицина и јавно здравје.

„ Зачудува фактот што и покрај сите податоци кои се денес достапни , сознанијата за штетноста од употребата на тутун и никотинот, зависноста и штетноста по сопственото здравје и околината, сепак 47 проценти од активнот население пушачи изјавиле дека немаат желба да се откажат од пушењето“, вели д-р Чингоска.

Како причини за неоткажување од пушењето пушачите навеле неколку меѓу кои дека цигарите им се задолство, други дека стравуваат од неуспех во обидот при откажување, а трети се изјаснале дека немаат здравствени проблеми за да се откажат од цигарите. Од 5 годишното постоење на охридксото Советувалиштето за откажување од пушењето  во ЦЈЗ, неофицијлно се откажале само 5 мина пушачи, вели д-р Чингоска.

„ Советувалиштето за откажување од пушењето во ЦЈЗ кое функционира од 2014 година досега работело со 70 граѓани. Советувалиштата се отворени за сите активни пушачи кои имаат желба од одвикување од оваа опасна зависност“, напоменува Д-Р Чингоска.

Пушачите не се откажуваат од пушењето и покрај фактот што во чадот има 7000 хемикалии од кои дури 69 се познати и докажани како канцерогени. На светско ниво како резултат на пасивно пушење умираат 165.000 деца на возраст под 5 години од инфекции на долните респираторни патишта, посочува Чингоска. Денес во светот се одбележува 31 мај како ден без тутун, а во фокусот се става здравјето на белите дробови. Кампањата има за цел да ја зголеми свеста кај луѓето за негативниото влијание на тутунот, како една од основните причина за појава на канцер на белите дробови.