Skip to main content

Минарето на Али Пашината џамија во Охрид е завршено

Работниците го отстрануваат полека скелето и заштитната мрежа и се открива минарето високо околу 25 метри.

 |   | 

Од Здружението на граѓани „Совест“ денеска го повикаа премиерот Зоран Заев да дојде на „отворањето и легализирањето на дивоградбата“. Разочарани, измамени и превеслани ве поздравуваат охриѓани, му порачаа од Совест на премиерот.

„Еве и ние од совест додека си чекаме да не не покани, за да се реши проблемот, додека неповратно го губиме статусот за заштита од УНЕСКО, јавно го повикуваме Господинот Зоран Заев да дојде со бомбониера на легализирање и отварање на дивоградбата Али-ПАшина Џамија, со минаре најголемо и доминантно во цел Охрид“.

„Да му порачаме да нема гајле, Охрид си стана Исламабад на Баканот и стана најголема атракција и приказна со дијалог, а не со почитување на законите, за сите се решаваат проблемите на граѓаните и религиите. Сега заради повеќегодишната толеранција на беззаконието, од сите влади од претходната и од сегашната ќе има мораториум на донесување на планови на цело подрачје на град Охрид, каде наместо мораториум да важи за целото градско подрачје и крајбрежјето кое е во заштитената зона истото ќе важи за будали луѓе кои веќе почитувале закони и си чекале дозволи за градба а во меѓувреме куќите им станале трошни и подложни на рушење, па сега нека пропаднат заедно со куќите нека ги снема, зошто верувале во закони и правда.Разочарани измамени превеслани ве поздравуваат охриѓани“. кажа Еке Боева од ЗГ „Совест“.