Skip to main content

На прагот на туристичката сезона плажите сè уште не се издадени под концесија

Концесионерите на охридските плажи чии договори се истечени кажуваат дека летово ќе работат на диво.  Додека простапката за преземање на ингеренциите од страна на централната власт  се оддолжи поранешните концесионери велат дека нема да дозволеле градот да остане без уредени плажи и услуга за туристите. Ја повикуваат локалната власт  да изнајде начин и со некаква одлука да им дозволи да работат оваа сезона.

 |  Соња Рилковска  | 

Охридските плажи ова лето ќе работат на црно. На прагот на туристичката сезона плажите се уште не се издадени под концесија. Иако владата најави дека им ги одзема ингеренциите на општините за издавање на плажите тој процес остана во најава. Договорите на концесионерите  им се одамна истечени, за петте плажи кои последно беа на јавно наддавање лани договорите не се продолжени ,  тие се заглавени во судски лавиринти меѓу старо новите закупци.
Поранешните концесионери велат дека огромна  е штетата која ја трпи туризмот. Доколку немаат избор ова лето ќе мораат да  работат на диво, нема да дозволат градот да остане без уредени плажи и услуга за бројните туристи.
„Штета е ова голема: Разговараме за туризам, елитен и тн  пред почеток на туристичката сезона ни локалната ни централната власт ништо не презема за плажите. Имаме елитни плажи како Ибица. Јас не знам ние како ќе го развиваме туризмот. 0106 Ние сме подготвени ако треба ова лето и незаконски да работиме или ако сакаат Охрид да зјае без плажи и тоа да е најголем срам за туристите.“– рече Илија Џепароски, поранешен концесионер со плажа.
Концесионерите се плашат да бараат субвенции за  лошото време или обесштетување за претпрените штети од невремиња, стравуваат  државата  да не им побара да срушат се што изградиле. Ја повикуваат локалната власт  да изнајде начин и со некаква одлука да им дозволи да работат оваа сезона.
„Ние мислиме најдобро за Охрид е советот барем некоја интерна мерка да преземе да можат ако ништо друго да може да средиме што поскоро и да може на гостите да им пружиме што подобар престој покрај уредените хотели да ги  дочекаме и на убави плажи“, додава Џепароски.
Експертите пак, од друга страна  сметаат дека мора да се воведе некаков ред. На сите плажи кои изминативе дванаесеттина  години се издаваа под концесија се изградија угостителски објекти со огромни габарити. Просторот е незаконски ограден, пренатрупани со лежалки и недостапни за граѓаните.
„Препорака беше максимална еколошка заштита. На пример оградувањето на плажите требаше да биде со жардинери со хортикултура максимална проодност на плажите, отсуство на тврди градби, локацијата на содр7ините да биде оптимална со европските стандарди.  0802Јас не сум задоволен од нивото на присуството на цврсти градби. Моја идеја е дека со плажите треба да стопанисува локалната смаоуправа а државата да интервенира во делот на имплементација на заложбите на локалните самоуправи“, сугерира професото Науме Мариноски
Четири месеци откако Владата најави дека ги одзема  ингеренциите врз плажите, се уште статус кво , се чека да се донесат законските измени,  кои се во собраниска процедура уште од месец  февруари. Инаку и минатата година добар дел од плажите во Охрид работеа без концесија, а во меѓувреме наплатуваа лежалки, чадори и други услуги.