Skip to main content

Во нашата земја повеќе од 70% од емисите на јаглероден диоксид доаѓаат од енергетскиот сектор

Климатските промени се тука и се појава влијае на нашето здравје, нашата храна и безбедноста на нашите домови. Потребно е итно глобално дејствување со локален придонес од секоја држава со воведување мерки за намалување на емисијата на штетни гасови што е еден од најголемите причинители за овој планетарен метео феномен. Во нашата земја повеќе од 70% од емисите на јаглероден диоксид доаѓаат од енергетскиот сектор.

 |   | 

Екстремните временски услови како невообичаено студени зими, поројни дождови со зачестени електрични празнења и подолги периоди на суша се појави кои ја загрозуваат нашата храна, нашето здравје и безбедноста на нашите домови. а од година во година стануваат се почести метео појави. Токму поради тоа потребно е активно вклучување на сите чинители во општеството за заеднични напори кон преземање поамбициозни активности насочени кон ублажување и прилагодување на климатските промени. Веќе е факт дека овој метео феномен не смееме да го игнорираме, а последиците од него се видливи и во нашата земја. Експертите велат дека кон справувањето со оваа појава треба да се делува глобално, една земја сама не може многу да постигне.

„Ова е проблем против кој треба да се делува глобално ниво, бидејќи постојат граници на адаптацијата, гранци на тоа колку човештвото, па и природата може да се справат со климатските промени. Ова е глобален проблем, кој треба да започне да се решава на локално ниво, па така слушнавме голем бој на идеи, за смена на употребата на фосилините горива во земја каде изворите на истите се при крај, па се до пронаоѓање и употреба на алтернативни извори на енергија“ вели Жолт Ленгиел – тим лидер на проектот „За климатска акција“.

Деновиве во Охрид граѓанските организации и институциите кои работат во секторот животна средина и клима се сретнаа на работна конференција за да дискутираат за тековните активности кои се спроведуваат и за да понудат идеи и изнајдат решенија за актуелизирање на проблемот со климатските промени и како до поамбициозна климатска акција од сите засегнати. Граѓанските организации треба да ги поттикнат граѓаните сами да преземат нешто да може успешно да се адаптираат на климатските промени.

„Причината за климатските промени е зголемата емисја на јаглерод диоксид, која го дава „Ефектот на стаклена градина“,а на голбално ниво емисите на јаглероден диоксид доаѓаат од енергетскиот сектор. И во нашата земја повеќе од 70% од емисите на јаглероден диоксид доаѓаат од енергетскиот сектор, а тоа не се само двете термоелектрани, тука е и транспортниот сектор, ние сеуште возиме на фосилни горива и домаѓинствата кои се греат на било што поврзано со согорување“, кажа Невена Смилевска, координатор на проектот „Да Зборуваме За Климатските Промени“.

Бидејќи мал е обемот на информации за климатските промени достапни на граѓанските организации во нашата земја, тие немаат доволно капацитети активно да се вклучат во носењето одлуки од значење за климатските промени. Експертите потенцираат дека е потребна долгорочна инстиутционално спроведлива стратегија во насока на креирање одржлива иднина со цел да создадеме долгорочна визија за ублажување и прилагодување на последиците од овие метеоролшки појави.