Skip to main content

Кон крајот на годинава ќе започне санацијата на колекторскиот систем

До март следната година се очекува конечно коекторот да биде функционален и  да одговори на својата намена, заштита на Охридското езеро од загадување.

 |  Соња Рилковска  | 

На крајот од годинава ќе започне санација на колекторскиот систем во Охрид. Од владата ветуваат дека ќе се поправат сите  пумптните и пречистителни  станици,  со што ќе се спречат еколошките хаварии,  кои му се случуваат на Охридското езеро со години наназад.
Искористена е стара  физибилити студија за реконструкција и санација , но   зафатот ќе чини многу помалку пари, кои ќе се обезбедат со ребалансот на буџетот .
До март се очекува конечно коекторскиот систем да биде функционален и  да одговори на својата намена заштита на Охридското езеро од загадување.

„Имаме колекторски систем кои едноставно 30 години без разлика кој бил на власт кој го менаџирал, еднсотавно го заборавил дека постои. Не работат пумптните станици, големи хаварии на колекторскиот систем. Не работи пречистителната станица. За таа цел искористеивме некоја стара физибилити студија , која предвидува 51 милион  долари за реконструкција верувајте дека целата санација ќе трае ќе биде многу многу поевтина и ќе се решат проблемите. Тие проблеми ќе се решат со ребалансот на буцетот во месец октомври“, вели Дејан Николоски, советник на  премиерот.

Нефункционалноста на колекторскиот систем е рак рана на Охридското езеро Од владата најавија  комплетно чистење на атмосферската и канализационата мрежа во Охрид и Струга, со цел да се  спречи излевањето и поплавувањето на градските улици.

„Со талозите што се со години создадени  многу често апти кога се зголемува  водостојот се поплавуваат улиците и приобалските куќи. И при поголеми врнежи дожд има поплави. Со ова ќе го решиме и тој проблем. Се работи за 260 километри мрежа во  Охрид и Струга“, додава Николоски.

Формирано е државно јавно претпријатие „Колектор“ кое  го презема колекторскиот систем  со сите натрупани обврски и проблеми. Претрпијатието е регистрирано со седиште во Скопје и во иднина ќе презема обврски на ниво на државата, а не само за Охрид и Струга.