Skip to main content

Отворен Инвестициски камп во Охрид на ФТУ

Поддршка ќе добиваат младите луѓе кои ќе може да стартуваат свои бизнис компании. Нивните идеи ќе добиваат логистичка, финансиска и експертска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој и партнерите во реализација на проектот.

 |  Валентина Неловска  | 

Охрид доби инвестициски камп кој ќе функционира на ФТУ. Со пилот програмата целна група ќе бидат младите луѓе. Тие своите бизнис идеи и визии за една фирма ќе може да ги развиваат со понатамошна поддршка на Фондот за иновации и центрите за иновации на УКИМ , УKЛО и Универзитетите од соседна Албанија, посочува Сашо Коруноски, ректор на Уни. Св Климент Охридски, кој е еден од партнерите на иновативниот камп.


„ Информцијата е круциален фактор. Доколку тие идеи се отценат како добри, стоиме зад нив со логистика не само во опрема, информатичка технологија туку и и знаење,искуство и експертиза“, појаснува Коруноски.

Како државна институција Фондот за иновациски и технолошки развој се отвара и децентрализира кон крајните корисници. Во моментов целна група ни се младите луѓе, информира Јован Деспотоски директор на Фондот. Се отвараме кон компаните со средства и услуги кои ги нудиме преку програмите на владата, но и финансиска поддршка на проекти од Европската Унија.

„ Досега програмите на Фондот беа отворени за сите, работиме на рамномерен плански развој. Повикот ќе биде објавен утре за отварање на компании од Југозападниот плански регион. Очекуваме интерес. На располгање за пилот програмите има некаде околу 2 милиони денари “, кажува Деспотоски.

Директорот на фондот појаснува дека од досегашното искуство со последниот повик имало околу 500 апликации од кои 35 добиле поддршка, а 13 фирми веќе ги користат средствата од Југозападниот плански регион.