Skip to main content

Нови зони и цени за паркирање ќе стартуваат со новиот летен режим на сообраќај

Градот воведува премиум зона на паркирање по цена од 100 денари од час , а ќе се прошири Б зоната на паркирање со пониска цена од досегашната. Ќе се редуцира сообраќајот во Стариот дел од градот по препораките на Унеско. Наскоро ќе стартува и летниот режим на сообраќај.

 |  Валентина Неловска  | 

Зонското паркирање и висината на цените за користење на јавниот паркинг простор беа дел од денешните точки на Дневен ред на градскиот совет. Со новиот летен режим на сообраќај се предвидуваат измени во зоните на паркирање. Тие треба да стават ред во сообраќајниот метеж кој се јавува во екот на туристичката сезона. Од ова лето ќе има зона А која ќе остане само на улицата Македонски Просветители, а се проширува зона Б со поевтина цена на паркинг од досегашната. Се воведува и премиум зона на паркирање на потегот од пошта до кружниот тек во центарот на градот по цена од 100 денари од час, информира градоначалникот Константин Георгиески.

„ Целта е да го дестимулираме движењето на возилата во центарот на градот. Додека жителите на Стар град ќе се движат непречено низ просторот. Ќе биде поставена уште една рампа кај фаќачот на крстот. Ќе функционира со нови картички кој сега ќе ги издаваме. Препораката на Унеско во точката 18 е д а се редуцира сообраќајот во Стар град и ова што го правиме е во насока на имплементација на тие насоки , а се во интерес и на граѓаните без регулација на сообраќајот е тотален хаос“, истакна градоначникот.

Со стартот на летниот сообраќаен режим возачите ќе може да паркираат во проширената зона Б која ќе се протега на улиците Партизанска и Димитар Влахов до пресекот со Македонски Просветители. Вон сезона во зоната Б , среда ќе биде ден за бесплатно паркирање. Градоначалникот Георгиески кој го носи летниот сообраќаен режим најавува дека за неколку дена ќе стартуваат измените во паркирањето. Поставувањето на рампите е при крај , иако деновиве кај црквата Каменско имаше отпор при поставување на рампа, неофицијално од лица од црквата.

„Точно е дека од непознат сторител беше оштетен постаментот за поставување на рамапата кај Месокастро. Случјот беше пријавен во полиција и ќе ги видиме нивните наоди, какви ќе се, кој е сторителот на тоа дело. Немаме информација“, вели Георгиески.

ТВМ го контактираше и Стефан Димоски,портпаролот на СВР Охрид за одговор до каде е постапката во откривање на идентитеот на сторителот кој го уништил јавното добро во Месокастро. Од таму информираат дека работат на расветлување на случајот.